136 МАКЕДОНСКИ
трајна „врска“ па двата уреда може секогаш да се
препознаат еден со друг.
Спарување на вашиот Bluetooth
®
уред
1. Притиснете го копчето Извор
да изберете
Bluetooth
®
функција. „BT READY“ ќе се покаже на
екранот и „READY“ ќе светка во интервал на секои
2 секунди.
2. Активирајте Bluetooth
®
на вашиот уред според
корисничкото упатство за уредот за да се
овозможи постапка на спарување.
3. Притиснете го и пуштете го копчето Спари
, тогаш „BT PAIR“ ќе се покаже на екранот и
ќе светка во интервал од 1 секунда. Може да
почнете да го барате вашето радио на Bluetooth
®
уредот. Штом ќе се појави името на вашето радио
на Bluetooth
®
уредот, притиснете ја ставката во
вашата Bluetooth
®
листа. Кај некои стари типови
мобилни (верзии постари од BT2.1 на Bluetooth
®
уред), можеби ќе треба да внесете код за пристап
„0000“.
4. Вашиот Bluetooth
®
уред ќе биде поврзан со
радиото.
5. Штом ќе се поврзе, „BLUETOOTH“ ќе остане на
екранот и заднинското осветлување ќе се затемни
за 10 секунди. Сега може да репродуцирате
музика на вашиот уред со овозможен Bluetooth
®
преку радиото.
Репродуцирање на Bluetooth
®
уред
кој веќе е спарен
1. Притиснете го копчето Извор
да изберете
Bluetooth
®
функција. „BT READY“ ќе се покаже на
екранот и „READY“ ќе светка во интервал на секои
2 секунди.
2. Пребарајте и поврзете го радиото на Bluetooth
®
уред. Некои уреди може автоматски да се поврзат
со радиото. Сега може да репродуцирате музика
на вашиот уред со овозможен Bluetooth
®
преку
радиото.
Белешка:
● Радиото може да се спари со најмногу 8 Bluetooth
®
уреди. Кога спарувате повеќе Bluetooth
®
уреди
од овој број, историјата на спарување ќе биде
пребришана од најстарата историја на спарување.
● Ако има 2 Bluetooth
®
уреда кои го бараат вашето
радио, тоа ќе ја покаже достапноста на двата
уреда.
● Ако вашиот Bluetooth
®
уред е времено исклучен од
вашето радио, тогаш ќе треба повторно рачно да
го поврзете уредот на радиото.
● Ако името на радиото се појави во листата на
вашиот Bluetooth
®
уред, но уредот не може да
поврзе со него, избришете ја ставката со името на
вашето радио од листата и спарете го уредот со
радиото повторно следејќи ги чекорите опишани
претходно.
● Ефективниот оперативен опсег помеѓу радиото и
спарениот уред е приближно 10 метри (30 стапки).
● Секоја пречка помеѓу радиото и уредот може да го
намали оперативниот опсег.
Исклучување на вашиот Bluetooth
®
уред
Притиснете го и задржете го копчето Спари
2-3 секунди да се исклучи вашиот Bluetooth
®
уред.
„BLUETOOTH“ ќе исчезне од екранот покажувајќи
деактивирање на Bluetooth
®
.
Полнење преку УСБ-
порта за електрично
напојување(сл. 10)
На предната страна на радиото се наоѓа УСБ-порта.
Може да полните УСБ-уред преку УСБ-порта.
1. Поврзете го УСБ-уредот, како iPod, MP3 или CD-
репродуктор, со УСБ кабел достапен на пазарот.
2. Притиснете го копчето за Вклучување
за да
го вклучите радиото.
3. Без оглед дали радиото е на наизменично
електрично напојување или батерија, радиото
може да го полни УСБ-уредот кога е вклучено и во
FM радио режим, или BT режим или AUX режим,
што се случува кога е поврзан надворешен
аудиоизвор.
Белешка:
Не може да полните УСБ-уреди во текот на AM
режим бидејќи приемот на радиосигнал станува
исклучително слаб кога се полни УСБ-уред.
● Максималната јачина на звук на излезниот звучник
ќе се намали кога се полни вашиот УСБ.
● УСБ-приклучокот може да обезбеди електрична
струја со максимум 5V/1A.
ВАЖНО:
● Пред поврзувањето на УСБ-уредот со полначот,
секогаш направете резервна копија на вашите
податоци од УСБ-уредот. Во спротивно може да
дојде до загуба на вашите податоци.
● Полначот може да не доставува енергија до некои
УСБ-уреди.
● Кога не се користи или по полнењето, отстранете
го УСБ-кабелот и затворете го капакот.
● Не поврзувајте извор на енергија на УСБ-портата.
Во спротивно постои ризик од пожар. УСБ-
портата е наменета само за полнење на уреди
со понизокнапон. Секогаш затворајте го капакот