135 МАКЕДОНСКИ
Кога ќе се огласи алармот
Да го откажете огласувањето на алармот, притиснете
го копчето Напојување
.
Оневозможување/откажување
аларми
Да оневозможите активен аларм, или притиснете го
копчето Напојување
, или притиснете го и
задржете го соодветното копче на алармот за да го
откажете алармот.
Одложи
1. Кога ќе се огласи алармот, притискањето на кое
било друго копче различно од копчето Напојување
ќе го исклучи алармот 5 минути. „ SNOOZE
“ ќе се прикаже на екранот.
2. За да го прилагодите времето на тишина за
тајмерот за одложување, притиснете го и
задржете го копчето Мени/Инфо
да влезете
во поставката на менито.
3. Вртете го копчето за контрола на бирањето
додека не се појави „ SNOOZE X“ на екранот, па
притиснете го копчето за контрола на бирање
да влезете во поставката. Вртете го копчето за
контрола на бирање
да го прилагодите
времето на тишина од 5, 10, 15 и 20 минути за
тајмер за одложување.
4. За да го откажете тајмерот за одложување додека
алармот е суспендиран, притиснете го копчето
Напојување
.
Тајмер за спиење
Вашето радио може да се намести да се исклучува
автоматски откако ќе измине поставеното време.
Поставката на Тајмерот за спиење може да се
прилагоди помеѓу 60, 45, 30, 15, 120 и 90 минути.
1. Притиснете го и задржете го копчето Напојување
да влезете во поставката на Тајмерот за
спиење. На екранот ќе се појави „SLEEP XX”.
2. Продолжете да го држите копчето Напојување
и опциите на Тајмерот за спиење ќе
започнат да се менуваат на екранот. Не запирајте
додека посакуваната поставка на Тајмерот за
спиење не се појави на екранот. Поставката ќе
биде зачувана и ЛЦД ќе се врати на вообичаен
приказ.
3. Вашето радио автоматски ќе се исклучи откако
ќе помине предодреденото време на Тајмерот за
спиење
. Иконата Тајмер за спиење ќе се
прикажува на екранот покажувајќи активен Тајмер
за спиење.
4. За да ја откажете функцијата на Тајмер за спиење
пред да помине предодреденото време,
едноставно притиснете го копчето напојување
за рачно да го исклучите уредот.
Гласност
Може да добиете надополнување на ниските
и високите фреквенции на вашето радио со
прилагодување на функцијата за гласност.
1. Притиснете го и задржете го копчето Мени/Инфо
да влезете во поставката за мени.
2. Вртете го копчето за контрола на бирањето
се
додека не се појави „LOUD ON“ или “LOUD OFF“
на екранот. Притиснете го копчето за контрола на
бирање
да влесете во поставката.
3. Вртете го копчето за контрола на бирањето
да
изберете ON (ВКЛУЧЕНО) за да ја вклучите
функцијата на гласност, па вклучете го копчето за
контрола на бирање
да ја потврдите
поставката.
4. За да ја исклучите функцијата на гласност,
изберете OFF (ИСКЛУЧЕНО) и притиснете го
копчето за контрола на бирање
да ја
потврдите поставката.
ПОМОШЕН ВЛЕЗЕН
ПРИКЛУЧОК
Помошен влезен приклучок од 3,5mm се наоѓа на
предниот дел од вашето радио за да овозможи
внесување на аудиосигнал во единицата од
надворешен аудиоуред како што е MP3 или CD
репродуктор.
1. Поврзете надворешен аудиоизвор (на пример,
MP3 или CD репродуктор) на влезниот приклучок
AUX IN.
2. Притиснете го копчето Напојување да го вклучите
радиото.
3. Неколку пати притиснете го и пуштете го копчето
Извор додека не се прикаже „ AUX1 “.
4. За да имате подобар квалитет на звук,
препорачуваме да ја поставите јачината на звук
на ниво повисоко од две третини на вашиот
аудиоуред, а потоа прилагодете ја јачината на звук
на радиото како што е потребно.
Белешка:
Aудиокабелот не е вклучен како стандарден прибор.
AUX не може да се активира како извор на аларм.
Слушање музика од
Bluetooth
®
Треба да го спарите вашиот Bluetooth
®
уред со
вашето радио пред автоматски да можете да го
поврзете да репродуцира/пренесува музика од
Bluetooth
®
преку вашето радио. Спарувањето креира