88
МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ:
Системот за собирање прав
е наменет само за дупчење во бетон. Не
користете го системот за собирање прав кога
дупчите во метал или дрво.
ВНИМАНИЕ:
Кога го користите алатот со
системот за собирање прав, погрижете се да го
прикачите филтерот на системот за собирање
прав за да спречите вдишување прав.
ВНИМАНИЕ:
Пред да го користите системот за
собирање прав, проверете дали филтерот е оштетен.
Во спротивно може да дојде до вдишување прав.
ВНИМАНИЕ:
Системот за собирање прав
го собира правот што се создал во значителна
количина, но целокупниот прав не може да се собере.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го системот за
собирање прав кога дупчите со јадро или длетувате.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го системот
за собирање прав за дупчење во влажен
бетон или за употреба во влажна средина. Во
спротивно може да дојде до дефект.
НАПОМЕНА:
Ако касетата со батеријата е на
ниска температура, способноста на алатот може
да не биде целосна. Во ваков случај, загрејте ја
касетата со батеријата користејќи го алатот без
оптоварување одредено време за целосно да се
достигне способноста на алатот.
►
Сл.33
Ударно дупчење
ВНИМАНИЕ:
Доаѓа до голема и ненадејна
вртлива сила што делува врз алатот/бургијата
кога ќе дојде до продирање на дупката, кога
дупката ќе се затне од распрсканите честици
или кога ќе удри во армирани шипки вградени
во бетонот.
Секогаш користете ја страничната
дршка (помошната рачка) и цврсто држете го
алатот за страничната дршка и за дршката
на прекинувачот во текот на работењето.
Во
спротивно, може да дојде до губење контрола врз
алатот и потенцијална тешка повреда.
Поставете го копчето за менување на режимот на
активноста на симболот
.
Ставете ја бургијата од дупчалката на саканата
локација за дупката, потоа извлечете го активаторот
на прекинувачот. Не форсирајте го алатот. Ако
користите благ притисок, ќе добиете најдобри
резултати. Одржувајте го алатот во позиција и
спречувајте да се лизне настрана од дупката.
Не применувајте поголем притисок кога дупката ќе
се затне со делканици или честици. Наместо тоа,
работете со алатот во празен ôд, а потоа делумно
извадете ја бургијата од дупката. Повторувајќи го
ова неколкупати, дупката ќе се исчисти и може да се
продолжи со нормално дупчење.
НАПОМЕНА
:
Бургијата може да почне чудно да
ротира кога алатот работи беа оптоварување. Алатот
автоматски се центрира во текот на работењето. Ова
не влијае врз прецизноста на дупчењето.
Делкање/ делење/ демолирање
Поставете го копчето за менување на режимот на
активноста на симболот
.
Држете го алатот цврсто со двете раце. Вклучете го
алатот и лесно притиснете го за да не скока наоколу
неконтролирано.
Ако многу силно го притиснете алатот, тоа нема да ја
зголеми ефикасноста.
►
Сл.34
Дупчење во дрво или метал
ВНИМАНИЕ:
Цврсто држете го алатот и
внимателно напредувајте кога бургијата за
дупчење почнува да навлегува во материјалот.
Доаѓа до јака сила која делува врз алатот/
бургијата за дупчење при дупнувањето на дупката.
ВНИМАНИЕ:
Заглавената бургија
за дупчење може лесно да се извади со
поставување на прекинувачот за обратна
акција на обратна ротација за да се повлече
назад. Сепак, алатот може да отскокне наназад
нагло ако не го држите доволно цврсто.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш прицврстувајте ги
работните материјали на менгеме или сличен
уред за прицврстување.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не користете
„ротирање со ковање“ кога клинот за
сопирање на дупчалката е монтиран на алатот.
Клинот за сопирање на дупчалката може да се
оштети.
Исто така, клинот за сопирање на дупчалката ќе
излезе кога алатот ротира во обратна насока.
ЗАБЕЛЕШКА:
Притискањето силно врз
алатот нема да го забрза дупчењето.
Всушност,
овој прекумерен притисок само ќе го оштети
врвот на бургијата за дупчење, ќе ги намали
перформансите на алатот и ќе го скрати неговиот
работен век.
Поставете го копчето за менување на режимот на
активноста на симболот
.
Прикачете го адаптерот за главата на самостезната
глава на дупчалката на која може да се монтира
шраф со големина од 1/2″-20, а потоа монтирајте ги
на алатот. Кога ја монтирате, погледнете го делот
„Поставување или отстранување бургија“.
►
Сл.35:
1.
Комплет клин за сопирање за
дупчалката
2.
Адаптер за главата
Дупчење со дијамантска бургија
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако дупчите со бургии со
дијамантско јадро во режим „ротирање со
ковање“, бургијата со дијамантско јадро може
да се оштети.
Кога дупчите со бургии со дијамантско јадро,
секогаш поставувајте го копчето за промена на
работниот режим во положбата за користење на
режимот „само ротација“.
Summary of Contents for DHR182ZWJ
Page 2: ...1 2 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 Fig 4 1 B A Fig 5 1 2 Fig 6 1 Fig 7 1 Fig 8 2 ...
Page 3: ...1 2 Fig 9 1 A Fig 10 1 Fig 11 1 2 Fig 12 1 Fig 13 1 2 Fig 14 1 Fig 15 1 2 Fig 16 3 ...
Page 4: ...1 Fig 17 1 Fig 18 1 2 3 1 2 3 3 Fig 19 1 2 Fig 20 Fig 21 1 Fig 22 4 ...
Page 5: ...1 2 Fig 23 1 Fig 24 1 2 Fig 25 1 Fig 26 1 Fig 27 Fig 28 5 ...
Page 6: ...1 1 3 3 2 2 Fig 29 Fig 30 1 2 Fig 31 1 Fig 32 Fig 33 Fig 34 1 2 Fig 35 6 ...
Page 7: ...1 2 Fig 36 1 Fig 37 1 Fig 38 Fig 39 Fig 40 Fig 41 2 1 Fig 42 Fig 43 7 ...
Page 8: ...1 Fig 44 1 2 3 4 Fig 45 1 3 2 Fig 46 1 Fig 47 1 2 1 2 Fig 48 Fig 49 8 ...
Page 9: ...1 Fig 50 2 1 Fig 51 1 Fig 52 1 Fig 53 1 2 1 2 Fig 54 1 Fig 55 9 ...