
195
МАКЕДОНСКИ
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран и за
други причини што може да го оштетат уредот и
овозможува тој да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога уредот е доведен до привремено запирање или
престанување на работата.
1. Исклучете го уредот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2. Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги уредот и батеријата(ите) да се оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Вентилаторот е направен од
смола. Некои типови масла или хемикалии
што разградуваат смола може да го скршат
вентилаторот и да предизвикаат повреда.
Стартување/запирање на
вентилаторот
За да го вклучите / исклучите уредот, следете ја
постапката подолу.
1.
Свртете го прекинувачот за контрола на волуменот
на воздухот во насока на стрелката на сликата. Уредот
започнува со минималниот волумен на воздух.
►
Сл.4:
1.
Прекинувач за контрола на волуменот
на воздух
2.
Свртете го прекинувачот за контрола на
волуменот на воздухот во насока на стрелката
на сликата на позицијата за да го исклучите
напојувањето.
►
Сл.5:
1.
Прекинувач за контрола на волуменот
на воздух
ЗАБЕЛЕШКА:
Не вртете го прекинувачот за
контрола на волуменот на воздухот понатаму
од позицијата
.
Во спротивно, прекинувачот
за контрола на волуменот на воздухот нема да
работи повеќе.
Нагодување на волуменот на
воздухот
Со вртење на прекинувачот за контрола на
волуменот на воздухот во текот на работата, може
да го приспособите волуменот на воздухот без
чекори.
►
Сл.6:
1.
Прекинувач за контрола на волуменот
на воздух
2.
Зголемете го волуменот на
воздухот
3.
Намалете го волуменот на
воздухот
ЗАБЕЛЕШКА:
Не вртете го прекинувачот
за контрола на волуменот на воздухот
откако индикаторот ќе се осветли целосно.
Во спротивно, прекинувачот за контрола на
волуменот на воздухот нема да работи повеќе.
Нагодување на аголот на главата на вентилаторот
Аголот на главата на вентилаторот може да се нагодува рачно.
За да го нагодите вертикалниот агол на главата на вентилаторот, разлабавете го вртливото копче за
фиксирање на вертикалниот агол. Откако рачно ќе го нагодите аголот на главата на вентилаторот, затегнете
го вртливото копче за фиксирање на вертикалниот агол повторно.
Опсегот на нагодување на главата на вентилаторот е како што е прикажано на сликата.
►
Сл.7:
1.
Копче за фиксирање на вертикалниот агол
ЗАБЕЛЕШКА:
Не свртувајте ја главата на вентилаторот над опсегот на нагодување.
Осцилирање на главата на
вентилаторот
ВНИМАНИЕ:
Кога главата на вентилаторот
осцилира, држете ги пречките настрана од
нејзиниот опсег на движење.
Безжичниот
вентилатор може да биде турнат и да падне од
осцилацијата.
ВНИМАНИЕ:
Не запирајте ја осцилацијата
држејќи ја главата на вентилаторот. За
запирање, секогаш притискајте го копчето за
осцилации.
Во спротивно, уредот може да се
загрее и да предизвика изгореници.
Главата на вентилаторот ќе почне да осцилира од
моменталната позиција кога е притиснато копчето
за осцилации. Опсегот на осцилирање на главата
на вентилаторот се променува со секое притискање
на копчето (60 степени / 90 степени / 120 степени /
исклучено).
►
Сл.8:
1.
Копче за осцилации
НАПОМЕНА:
Насочете ја главата на вентилаторот
кон напред пред да започне осцилирањето.
НАПОМЕНА:
Во зависност од позицијата на
главата на вентилаторот, таа може да не осцилира
набрзо по притискање на копчето за осцилации
поради механизмот за осцилации.