![Makita CF001G Instruction Manual Download Page 200](http://html.mh-extra.com/html/makita/cf001g/cf001g_instruction-manual_226038200.webp)
200
МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ
►
Сл.1
1
Копче на прекинувачот за
напојување
2
Копче за промена на брзината
на ветрот
3
Копче за автоматско исклучување
на тајмерот
4
Копче за осцилации
5
Индикатор за брзина на ветрот
6
Индикатор за автоматско
исклучување на тајмерот
7
Отвор за батерии
8
Приклучок за еднонасочна струја
од 15V
9
Адаптер за двонасочна струја
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување или
проверка на уредот, секогаш проверувајте
дали е исклучен и касетата за батеријата е
извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Држете ги уредот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите
цврсто уредот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од уредот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
►
Сл.2:
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Касета за
батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне.
Во спротивно, може
ненадејно да испадне од уредот, предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила.
Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Доколку е тешко да ја отстраните касетата за
батеријата, притиснете ја одзади додека го лизгате
копчето на предниот дел на касетата.
►
Сл.3
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
►
Сл.4:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Систем за заштита на уредот/батеријата
Овој уред е опремен со систем за заштита. Овој
систем автоматски го прекинува напојувањето на
моторот за да го продолжи работниот век на уредот
и на батеријата. Уредот автоматски ќе се исклучи
за време на работењето ако тој или батеријата се
најдат под еден од следниве услови.
•
Заштита од преоптоварување: Кога со
уредот се работи на начин што предизвикува
повлекување прекумерно висока струја, тој
автоматски запира без никаква индикација. Во
таква ситуација, исклучете го уредот и запрете
со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
уредот за да се рестартира.