109
Се препорачува да се користат следниве додатоци:
Лежиште за полнење: CP80-1 Кабел за полнење
Верзијата на софтверот на производот е VID-B19: 10.1.0.29(C05SP1)
Ажурирањата на софтверот ќе бидат објавени од производителот за поправање на грешки или
унапредување на функциите по пуштањето на производот во продажба. Сите верзии на софтвер
објавени од производителот се потврдени и сѐ уште се сообразни со поврзаните прописи.
Сите параметри на РФ (на пример, фреквенциски опсег и излезна моќност) не се достапни за
корисникот и не може да бидат променети од страна на корисникот.
За најнови информации за додатоци и софтвер, видете ја ИС (Изјава за сообразност) на
http://consumer.huawei.com/certification.
Одете до
Нагодување > За верзијата > Регулаторни информации (Settings > About > Regulatory
Information)
на уредот за да го погледнете екранот E-label.
Посетете ја страницата http://consumer.huawei.com/en/support/hotline за неодамна ажурирани телефонски
број и адреса на е-пошта во вашата земја или регион.
Внимание:
сите промени или измени на овој уред за коишто Huawei Device Co., Ltd. немаат издадено
изречно одобрение за усогласеност може да доведат до поништување на овластувањето за работа со
опремата.
Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање,
третман, лекување или спречување каква било болест. Сите податоци и мерења треба да се
користат само за информативна намена. Ако забележите проблеми со кожата додека го носите
уредот, извадете го и одете на доктор.
За да го заштитите слухот, се препорачува да слушате музика или да
повикувате со помала јачина на звукот.