Управување со уреди
Користење на апликацијата: може да го скенирате
QR-кодот подолу за да ја преземете апликацијата
HUAWEI AI Life за да управувате со Mobile WiFi, на
пример, за да го промените името или лозинката за
Wi-Fi или да го проверите користењето податоци.
Ако не можете да додадете уред во
апликацијата, проверете дали ја користите
најновата верзија.
Користење прелистувач: поврзете се со безжичната
мрежа на Mobile WiFi на вашиот мобилен телефон
или компјутер и внесете 192.168.8.1 во прелистувачот
за да пристапите до страницата за управување со
Mobile WiFi преку веб. Стандардната лозинка за
најавување е admin.
•
Ако не можете да ја посетите страницата за
управување преку веб, проверете дали
мобилниот телефон или компјутерот се
поврзани на Mobile WiFi.
•
Препорачуваме да ги промените стандардните
име и лозинка за Wi-Fi, како и стандардната
лозинка за најавување за да бидете сигурни
дека податоците се безбедни.
245