
22
MK
Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на
неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во
случај на редукција на вода. Поради зголемувањето на водата при греењето се
зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната
цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната
батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика
расипување на мешалната батерија.
Затворениот систем на приклучување на одземните места бара вградување на
мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради
безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил
или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за
повеќе од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот
вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.
Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува
притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејќи
враќањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде
до појава на капкање вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките
вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која ќе ја
наместите под сигурносниот вентил.
Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде
наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.
Доколку веќе поставената инсталација не овозможува водата што капи од
повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето
можете да го избегнете ако кај доводната цевка на греалката вградите
експанзиски сад со волумен од 3 л.
За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да
вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуелната
блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на
рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на
вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При
тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е
знак дека вентилот е беспрекорен.
Затворен систем (со притисок)
Отворен систем (прелевен)
Легенда:
1 - Сигурносен вентил
2 - Пробен вентил
3 - Неповратен вентил
4 - Редуционен вентил за притисок
5 - Затворен вентил
6 - Пробна наставка
7 - Одливник со приклучок на одвод
8 - Експанзиски сад
H - Ладна вода
T - Топла вода
Summary of Contents for TGR 100 SM
Page 1: ...TGR 30 120 SM...
Page 19: ...19 MK 8 0 6 6 0 9 9 1 0 MPa 10 0 1 1...
Page 20: ...20 MK 130 C TGR ECOS...
Page 22: ...22 MK 0 1 1 3 1 2 3 4 5 6 7 8 H T...
Page 23: ...23 MK 1 5 2 H05VV F 3G 1 5 2 2 1 2 3 L N...
Page 24: ...24 MK ECOS 0 ECOS 10 C 35 C ECO 55 C 75 C ECOS ECOS...
Page 26: ...26 MK 36 ECOS 1 2...
Page 44: ...10 2016 390735...