
13
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ МК
Отстранлив капак на приклучокот за
машината за мелење месо
Копче за приклучување на сечилата
Приклучок за машината за мелење месо
Капак
Приклучок за блендер
Приклучок за садот за обработка на храна
Заштитен капак
Мултифункционална глава
Сад од нерѓосувачки челик
Копче за ослободување на
мултифункционалната глава
Копче за контрола на брзина
Маталка
Кука за месење
Сечило за миксер
Опасност
Не го ставајте моторот на апаратот во вода
и не го плакнете под чешма.
Мерки на претпазливост
Внимателно прочитајте ги инструкциите
пред користење на апаратот.
Исклучете го апаратот пред ставање и
вадење на додатокот.
Држете ги прстите подалеку од
подвижнитe делови и отворањето на
додатокот.
Користете го апаратот само за наменетата
домашна употреба. Производителот не
сносува никаква одговорност доколку
апаратот е предмет на несоодветна
употреба или непридржување до
инструкциите.
Проверете дали волтажата на апаратот се
совпаѓа со вашиот електричен систем.
Секоја грешка во поврзувањето ја
поништува гаранцијата.
Апаратот треба да биде приклучен во
заземјен приклучок за струја.
Доколку користите електричен продолжен
кабел, истиот треба да биде заземјен и да
се осигурате никој да не се сопне од него.
Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја кога ќе завршите со употреба и пред
чистење.
Не го користете додатокот и/ или апаратот
ако е оштетен. Контактирајте го
овластениот сервис.
Секоја дополнителна работа на апаратот
освен одржувањето и чистењето треба да
биде извршена од страна на овластен
сервис.
Не го потопувајте апаратот, кабелот или
приклучокот во вода или во друга течност.
Не го оставајте кабелот да виси во
близина на деца, да биде во близина или
во допир со топлите делови на апаратот,
друг извор на топлина или остар раб.
Исклучете го апаратот и извадете го
приклучокот од струја пред да ги смените
додатоците или да се доближите до
подвижните делови.
Не ги допирајте маталката, сечилото за
миксер или куката за месење додека
апаратот работи.
Додатоците користете ги еден по еден.
Не го користете апаратот повеќе од 10
минути без прекин. Оставете го 30 минути
на пауза пред повторно да го употребите.
Апаратот може да го користат и личности
со намалени физички, сензорни и
ментални способности или недостаток на
искуство и знаење доколку се под надзор
за безбедна употреба на апаратот и
доколку ја разбираат потенцијалната
опасност.
Децата треба да бидат под надзор за да не
си играат со апаратот.
Доколку кабелот за напојување е оштетен,
истот треба да се замени од
произведувачот,сервисерот или слично
овластено лице за да се избегне опасност.
Децата не треба да го користат апаратот.
Чувајте го апаратот и каблите подалеку од
дофат на деца.
Децата не треба да си играат со апаратот
или да извршуваат задачи за одржување
без надзор.
Кога користите еден приклучок за блендер
5 или приклучок за садот за обработка на
храна 6, потребно е да го користите
заштитниот капак 7 на другиот приклучок.
Бидете претпазливи кога ракувате со
острите сечила, при празнење на садот и
при чистење.
Бидете претпазливи кога ставате врела
течност во садот за обработка на храна
или блендерот бидејќи истата може да
биде исфрлена од апаратот поради
ненадејна пареа.
Не го користете апаратот доколку
ротирачкото сито или заштитниот капак е
оштетен или има видливи пукнатини.
Овој апарат е наменет за домашна
употреба
Гласност: 72 dB (А)
Summary of Contents for MMC1500IY
Page 3: ...3 ...