9
ПОСТАВУВАЊЕ НА СКАРАТА
Пред првата употреба, проверете да не се
оштетил апаратот при транспорт;
Поставете го апаратот на рамна површина, на
место недостапно за деца, бидејќи при работа
развива високи температури;
Пред да го вклучите апаратот во елекетрична
мрежа проверете:
дека напонот на доводот одговара на
напонот наведен на натписната плочка;
дека моќноста на штекерот во мрежата е
најмалку 10A;
дека штекерот одговара на приклучокот на
апаратот, во спротивно, заменете го;
дека штекерот е заземјен. Производителот
не одговара за штета настаната од
непочитување на ова барање;
Пред првата употреба вклучете ја скарата и
оставете ја да се загрева без храна, во
положба за печење на ражен (положба 3)
најмалку 5 минути. Притоа се создава
непријатен мирис на ново, затоа отворете го
прозорецот за да го проветрите просторот.
ПРЕДЗАГРЕВАЊЕ
Вклучете го апаратот во електрична мрежа.
Почекајте светилката- индикатор на грејач да се
угаси (8–10 min). Апаратот е подготвен за
употреба.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРЕЈНИТЕ
ПЛОЧИ
Исклучете го апаратот од електрична мрежа.
Почекајте апаратот сосема да се олади.
Отворете го апаратот целосно, во положба како
да сакате да ја употребите целокупната
површина на двете грејни плочи.
Помрднете го механизмот за прицврстување и
извлечете ги грејните плочи една по друга.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ГРЕЈНИТЕ
ПЛОЧИ ВО РАБОТНА ПОЛОЖБА
Поставете го задниот дел од грејната плоча во
отворот така што грејната плоча да биде под
агол.
Поставете ја грејната плоча хоризонтално на
апаратот, притиснете додека мехнизмот не се
придвижи во положба да ја фиксира плочата на
свое место.
Плочите може да се употребуваат од двете
страни, зависно од видот на храната што
сакате да ја подготвите.
ЧИСТЕЊЕ
Пред чистење прекинете го доводот на
електрична енергија и оставете го апаратот да
се олади.
Отворете го апаратот целосно во положба како
да сакате да ја употребите целокупната
површина на двете грејни плочи. Отстранете ги
плочите од апаратот.
Натопете ги неколку минути плочите со топла
вода со средство за чистење, за да се
растопат маснотиите.
Исчистете ги грејните плочи.
Надворешноста на апаратот исчистете ја со
влажна крпа. Не употребувајте агресивни
средства или тврди материјали, бидејќи ќе ја
оштетите надворешноста на апаратот.
ЧУВАЊЕ
Намотајте го приклучниот кабел околу рачките на
апаратот и поставете го хоризонтално или
исправено, на суво место, недостапно за деца.
СЕРВИС
Во случај на дефект, посетете го овластениот
сервис на Горење. Не поправајте го апаратот
сами!
Ви посакуваме многу задоволство при
употребата на контактната скара Горење!
GORENJE
ВИ ПОСАКУВА ГОЛЕМО
ЗАДОВОЛСТВО ПРИ УПОТРEБАТА
НА ВАШИОТ АПАРАТ!
Го задржуваме правото на промени!