69
Пуштање во работа
• Поставете ја пумпата на рамна и цврста површина.
• Активирај ја врската за вшмукување.
• Создадете електричен приклучок.
• Пумпата наполнете ја со вода кај приклучокот за компримиран воздух.
• За време на процесот на вшмукување елементите за заклучување во врската за
компримиран воздух (млазна прскалка, вентили и сл.) треба целосно да бидат
отворени за да може воздухот во врската за вшмукување слободно да излезе.
• Во зависност од висината на вшмукување и количината на воздух во врската за
вшмукување, првиот процес на вшмукување може да трае околу 0,5 мин - 5 мин. Кај
подолги површини за вшмукување потребно е повторно полнење со вода.
• Доколку по употребата пумпата повторно се отстрани, мора одново да се наполни
со вода при повторното поставување на врската и пуштањето во погон.
Упатство за одржување
• За пумпата не е потребно тековно одржување за подолг период. За да се постигне
подолг период на експлоатација препорачуваме редовни контроли и нега.
Внимание! Пред секоја поправка потребна е безнапонска состојба на пумпата;
извлечете го приклучокот на пумпата од дозната.
• Ако пумпата не се користи подолг временски период или преку зима, истата треба
темелно да ја измиете со вода, комплетно да ја испразните и да ја складирате
целосно исушена.
• Ако постои опасност од замрзнување, пумпата треба целосно да се испразни.
• По подолго мирување со притискање на прекинувачот за вклучување / склучување
проверете дали роторот врти непречено.
• Ако случајно се затне пумпата, врската за компримиран воздух приклучете ја на
водоводната мрежа и извадете го цревото за вшмукување. Пуштете ја водоводната
мрежа. Вклучете ја пумпата повеќепати за околу 2 секунди. На овој начин најчесто
можат да се отстранат блокадите.
Менување на мрежниот кабел
Исклучете го уредот од напојувањето. Ако мрежниот кабел е дефектен, тој
смее да се замени само од страна на стручно лице за електрика.
1172516 BDA GB 600 GP.indd 69
13.09.12 16:02