6 часа
ВНИМАНИЕ: НИКОГАШ
не приклучувајте ласерски печатач или скенер на
уредот за непрекинато напојување (UPS), бидејќи тие можат да го оштетат.
3. Монтажа и прво пуштање во работа
Пред монтажата, проверете ги уредот и останатата содржина, да не се
оштетени или да не недостига нешто.
Услови за поставување и чување
Монтирајте го уредот за непрекинато напојување (UPS) на заштитено место, без
прашина и со соодветно проветрување. Поставете го уредот за непрекинато
напојување (UPS) најмалку 20 cm подалеку од другите уреди за да избегнете пречки.
НЕ пуштајте го уредот за непрекинато напојување (UPS) да работи кога температурата
и влажноста се над препорачаните (погледнете во спецификациите)
Приклучување на струја и полнење
Вметнете го штекерот од кабелот во приклучницата за
струја и полнете го уредот најмалку 6 часа пред да го
користите. Уредот си ја полни батеријата додека е
приклучен на струја.
Приклучување други уреди
Приклучете ги уредите на излезните приклучоци, на
задната страна од уредот за непрекинато напојување (UPS).
Притиснете го прекинувачот за да го вклучите
напојувањето и сега уредот за непрекинато напојување
(UPS) ги штити приклучените уреди.
Приклучување на пренапонска заштита за модем/телефон/мрежа (само кај
моделот со RJ-45)
Вметнете го едниот крај од кабелот за модем/телефон во приклучокот „IN“, на задната
страна од уредот за непрекинато напојување (UPS), а другиот крај вметнете го во
приклучокот „OUT“, на компјутерот за телефонот.
Приклучување на комуникацискиот кабел (само кај моделот со порта
USB/RS-232)
За да го овозможите далечинското надгледување на гасењето/палењето и статусот на
уредот за непрекинато напојување (UPS), приклучете го едниот крај од
комуникацискиот кабел во портата USB/RS-232, а другиот крај во комуникациската
порта на Вашиот компјутер. Откако ќе го инсталирате софтверот за надгледување,
можете да го програмирате гасењето/палењето и да го надгледувате статусот на
уредот за непрекинато напојување (UPS).
Вклучување/исклучување на уредот
Притиснете го прекинувачот за да го вклучите уредот за непрекинато напојување
(UPS). За да го исклучите, притиснете и држете го прекинувачот 5 секунди.
4. Важни предупредувања за безбедноста
(ПРОЧИТАЈТЕ ГИ УПАТСТВАТА)
ВНИМАНИЕ!
За да ја спречите опасноста од струен удар, користете го само внатре и на место со
контролирана температура и влажност, без спроводливи загадувачи. (Погледнете ги
спецификациите)
За да ја намалите опасноста од прегревање, не покривајте ги отворите за проветрување на
уредот за непрекинато напојување (UPS) и избегнувајте да го изложувате на директна сончева
светлина или да го монтирате во близина на греалки или огништа.
Немојте на уредот за непрекинато напојување (UPS) да приклучувате други уреди кои не се
компјутерски, како на пример медицинска опрема, опрема за одржување во живот,
микробранови печки или правосмукални.
Не приклучувајте го влезот од уредот за непрекинато напојување (UPS) во сопствениот влез.
Не оставајте пијалаци или други предмети кои содржат течности на или во близина на уредот.
Во случај на нужда, притиснете го копчето OFF и извлечете го кабелот од приклучокот за струја
за да можете да прописно да го онеспособите уредот за непрекинато напојување (UPS).
Немојте уредот за непрекинато напојување (UPS) да приклучувате на кабли со повеќе
приклучоци или уред за потиснување пренапони.
Ако уредот за непрекинато напојување (UPS) има метално куќиште, во текот на монтажата
задолжително е заземјување за да се намали пропусната струја под 3,5mA.
Поправките или сервисирањето треба да ги изведува или да ги надгледува само обучен
персонал.
Кога ги менувате батериите, користете нови од истиот број и тип.
Внатрешниот напон на батеријата е 12VDC. Запечатена, оловна батерија, со 6 ќелии.
Не фрлајте ги батериите во оган, бидејќи можат да експлодираат.
Не отворајте ги и не оштетувајте ги батериите. Електролитот што се ослободува е штетен за
кожата и за очите.
Извлечете го штекерот од уредот за непрекинато напојување (UPS) пред да го чистите и не
користете течен детергент или детергент во спреј.
Батеријата може да претставува опасност од струен удар и висока струја на куса врска. Пред да
ги ставате батериите земете ги предвид следните мерки на предострожност:
1)
извадете ги часовниците, прстените или другите метални предмети.
2)
употребете алатки со изолирани рачки.
3)
носете гумени ракавици и чизми.
4)
не оставајте ги алатот или металните делови врз батериите.
5)
откачете го изворот на напојување пред да ги приклучувате или откачувате клемите од
батеријата.
Внимание:
Опасност од струен удар. Опасност при откачување на уредот од струја, батеријата
може да има преостанат напон. Кога се изведуваат работи на одржување во внатрешноста на
уредот за непрекинато напојување (UPS), батеријата треба правилно да се откачи на позитивните и
на негативните полови на конекторите.
5. Преземање и инсталација на софвер (само кај моделот со
комуникациска порта)
Изведете ги следните чекори за да го инсталирате софтверот:
1. појдете на
http://www.power-software-download.com
2. кликнете на иконата за софтверот ViewPower и одберете го саканиот јазик за преземање.
3. следете ги упатствата на екранот за да го инсталирате софтверот:
4. откако ќе го рестартирате компјутерот, софтверот за надгледување ќе се појави како
портокалова икона на „штекер“, долу десно на екранот (системската лента), кај часовникот.
5. Nome de utilizador: administradorКорисничко име и лозинка за управување со софтверот:
Корисничко име: administrator
Лозинка: administrator
60
61