МК - 18
• Погрижете се вратичката да е
целосно затворена, во спротивно
програмата нема да започне.
5.3 Ставање детергент во машината
Количината на детергент што ја ставате
во машината зависи од следниве
критериуми:
• Доколку алиштата не се многу
извалкани, не ја користете опцијата за
предперење. Ставете мала количина
детергент (како што е наведено од
производителот) во одделот II од
фиоката за детергент.
• Доколку алиштата се премногу
извалкани, изберете ја опцијата
за предперење и во одделот I од
фиоката за детергент ставете ¼ од
детергентот кој ќе го користите, а
останатата количина ставете ја во
одделот II.
• Користете детергенти кои се
произведени за автоматски машини
за перење. Следете ги упатствата
од производителот за тоа колкава
количина на детергент треба да
употребите.
• Во области со тврда вода, потребно е
да се стави повеќе детергент.
• Количината на потребен детергент
се зголемува со зголемување на
количината на алиштата.
• Ставете омекнувач во средниот
оддел од фиоката за детергент. Не
надминувајте го нивото MAX (МАКС.).
• Густите омекнувачи може да
предизвикаат затнување на фиоката
и треба да се растворат.
• Може да користите течни детергенти
во сите програми без да ја користите
опцијата за предперење. За да го
направите ова, лизгајте ја плочката
за ниво на течен детергент (*) во
жлебовите во одделот II од фиоката
за детергент. Користете ги линиите
на плочката како водач за да ја
наполните фиоката до потребното
ниво.
(*) Спецификациите може да се
разликуваат во зависност од купениот
производ.
5.4 Работа со машината
1
2
1.
Приклучете ја машината на
електрично напојување.
2.
Вклучете ја водоводната инсталација.
• Отворете ја вратата од машината.
• Распоредете ги рамномерно
алиштата во машината.
• Нежно притиснете ја вратичката
додека не “кликне“ дека е затворена.
5.5 Избирање програма
Користете ги таблите за програми за да
ја изберете најсоодветната програма за
вашите алишта.
5.6 Систем за откривање на
полупразен барабан
Вашата машина има систем за
откривање на полупразен барабан.
Доколку во машината ставите половина
од максималната количина алишта, таа
автоматски се поставува на функцијата
за полупразен барабан, независно од тоа
која програма сте ја избрале. Ова значи
дека избраната програма ќе заврши за
пократко време и ќе искористи помалку
вода и електрична енергија.
Summary of Contents for W-7122 BLDC
Page 1: ...Машина за перење Упатство за употреба МК W 7122 BLDC ...
Page 37: ... ...
Page 38: ... ...
Page 39: ... ...
Page 41: ...Mašina za pranje veša Uputstvo za upotrebu SR W 7122 BLDC ...
Page 77: ... ...
Page 78: ... ...
Page 79: ... ...
Page 81: ...Washing Machine User Manual EN W 7122 BLDC ...
Page 113: ... ...
Page 114: ... ...
Page 115: ... ...
Page 117: ...Makinë larëse Manual i shfrytëzuesit SQ W 7122 BLDC ...
Page 151: ... ...