![FAVORIT D2 User Manual Download Page 34](http://html1.mh-extra.com/html/favorit/d2/d2_user-manual_546821034.webp)
МК - 17
5. ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
5.1 чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред
чистење, исклучете го апаратот и
оставете го да се излади.
Општи упатства
• Пред да ги употребите средствата
за чистење на апаратот, проверете
дали се соодветни и препорачани од
производителот.
• Користете кремасти или течни
средства за чистење кои не содржат
честички. Не употребувајте каустични
(корозивни) средства, абразивни
прашоци, метална жица или тврди
алати затоа што може да ги оштетат
површините на шпоретот.
Не употребувајте средства за
чистење кои содржат честички,
бидејќи може да го изгребат
стаклото, емајлираните и/или обоените
делови на апаратот.
• Доколку дојде до прелевање на
течност, веднаш избришете за да
спречите оштетување.
Не употребувајте чистачи на пареа
за чистење на деловите на апаратот.
Чистење на керамичкото стакло
Керамичкото стакло може да издржи
тешки садови, но доколку го удрите со
остар предмет може да се скрши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ :
Керамичка
плоча - ако површината е напукната,
исклучете го апаратот за да
избегнете електричен удар и повикајте
сервисер.
• За чистење на витрокерамичкото
стакло, употребувајте кремасти или
течни средства за чистење. Потоа,
исплакнете ги и добро исушете ги со
сува крпа.
Не употребувајте средства за
чистење кои се наменети за челик,
бидејќи може да го оштетат
стаклото.
• Ако дното или надворешниот слој
на садот за готвење е изработено
од супстанци со ниска точка на
топење, тие може да ја оштетат
стаклената-керамичката површина
за готвење. Ако на жешка стаклена-
керамичка површина за готвење
падне пластика, фолија, шеќер или
храна што содржи шеќер, веднаш
изгребете ја од жешката површина,
најбрзо и најбезбедно што можете.
Ако овие супстанци се стопат може
да ја оштетат стаклената-керамичката
површина за готвење. Кога готвите
храна која содржи многу шеќер, како
на пример, мармалад, претходно
нанесете слој од соодветно заштитно
средство, доколку е можно.
• Прашината на површината мора да
се исчисти со мокра крпа.
• Промена во бојата на керамичкото
стакло нема да влијае на структурата
или трајноста на керамиката и истата
не настанува поради промена во
материјалот.
Промени во бојата на керамичкото
стакло може да настанат од повеќе
причини:
1.
Истурена храна не е исчистена од
површината.
2.
Употребата на несоодветни садови на
плочата може да доведе до ерозија на
површината.
3.
Употреба на погрешни средства за
чистење.
Чистење на деловите од
не’рѓосувачки челик (ако има)
• Редовно чистете ги деловите од
не’рѓосувачки челик на апаратот.
• Бришете ги деловите од не’рѓосувачки
челик со мека крпа натопена само
во вода. Потоа, добро исушете ги со
сува крпа.
Немојте да ги чистите деловите од
не’рѓосувачки челик по готвење
додека сѐ уште се жешки.
Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол,
вода, лимон или сок од домати да
стои на деловите од не’рѓосувачки
челик подолго време.
Summary of Contents for D2
Page 79: ...52368768 ...