Рачно регулирање
Свртете го тркалцето за тврдост на водата во
положба 1 или 2.
Електронско приспособување
1. Проверете дали ознаката за програмата
на копчето е изедначена со показателот
за вклучено/исклучено.
2. Притиснете и држете Start. Истовремено,
вртете го програматорот налево додека
ознаката за програмите не се изедначи со
првата програма на контролната табла.
3. Отпуштете го Start кога Start и
показателот за вклучување/исклучување
ќе почнат да трепкаат. Почнува да трепка
показателот за крај. Постојаното
трепкање на показателот за крај се
однесува на тековно поставеното ниво.
• На пр. 5 трепкања + пауза + 5 трепкања
= ниво 5.
4. Притискајте го Start повеќепати за да ја
смените поставката. Секој пат кога ќе го
притиснете Start, бројот на нивото се
покачува.
5. За да ја потврдите поставката и да го
исклучите апаратот, вртете го
програматорот додека ознаката за
програмите не се израмни со показателот
за вклучување/исклучување.
5.2 Полнење на садот за сол
1.
Свртете го капачето налево и отворете
го садот за сол.
2.
Ставете 1 литар вода во садот за сол
(само првиот пат).
3.
Наполнете го садот за сол со сол за
машини за миење садови.
4.
Отстранете ја солта околу отворот на
садот за сол.
5.
Свртете го капачето надесно за да го
затворите садот за сол.
ВНИМАНИЕ
Водата и солта може да излезат од
садот за сол кога го полните. Постои
ризик од корозија. За да ја спречите,
откако ќе го наполните садот со сол,
стартувајте програма.
52 www.electrolux.com