82
Нашите производи се креирани да ги
исполнат највисоките стандарди за
квалитет, функционалност и дизајн.
Се надеваме дека уживате користејќи
го Вашиот Braun Silk·épil 7 Dual Epilator,
првиот епилатор од Braun со интегрирано
сечило, дизајниран за употреба во вода
со гел или пена за бричење.
Ве молиме внимателно прочитајте ги
инструкциите пред употреба на произво-
дот и чувајте ги за во иднина.
Braun Silk·épil 7 Dual Epilator е дизајниран
да овозможи долготрајност на нежната
кожа во еден потег, благодарение на
неговата двојна технологија. Најпрво,
нежно ги епилира влакната од коренот, а
потоа интегрираното сечило ја измазнува
кожата.
Важно
•
Поради хигиенски причини, не го
делете овој апарат со други лица.
•
Овој апарат е обезбеден со посебен
кабел заедно со ниско волтажен
напојувач за струја. Не разменувајте
или манипулирајте со било кој дел од
него. Во спротивно, постои ризик од
електричен удар. За електричните
спецификации, Ве молиме видете го
натписот на специјалниот кабел.
Специјалниот кабел автоматски се
прилагодува на било кое напојување
во светот.
•
Овој апарат е погоден за
користење во бања или туш.
Од безбедносни причини, може
да се користи само без кабелот.
•
Овој апарат не е наменет за употреба
од страна на деца или лица со нама-
лени физички и ментални способности,
освен ако не се под надзор на лицето
кое е одговорно за нивната безбедност.
Во принцип, ние советуваме да го
чувате овој апарат подалеку од дофат
на деца. Децата треба да бидат
надгледувани за да бидете сигурни
дека не си играат со овој апарат.
•
Додека е вклучен, апаратот не смее да
биде во контакт со косата на главата,
трепките , ленти за коса и сл. за да се
спречи било каква опасност од повреди
и блокирање или оштетување на
апаратот.
•
Никогаш не ја употребувајте главата на
епилаторот без капаче.
•
Бидете внимателни кога го употребу-
вате делот за измазнување (2) над
коскените области како зглобовите.
Интегрираното сечило е многу остро и
може да предизвика повреда.
•
Од безбедносни причини, престанете
со користење на капачето за измазну-
вање доколку се оштети. Заменете го
со ново.
Општи информации
Сите методи за отстранување на влакната
од корен може да доведат до иритации
на кожата (на пр. чешање, непријатност
и црвенило) во зависност од состојбата
на кожата и влакната. Ова е нормална
реакција и треба брзо да исчезне, но
може да биде посилна кога ги отстрану-
вате влакната првите неколку пати или
имате чувствителна кожа.
Доколку после 36 часа кожата сеуште
покажува иритација, советуваме да го
контактирате Вашиот лекар. Главно,
реакцијата на кожата и чувствителноста на
болка можат значително да се намалат со
повторување на употребата на Silk·épil.
Mакедонски
99903888_SE_7891-7771_CEE_S6-108.indd 82
99903888_SE_7891-7771_CEE_S6-108.indd 82
09.05.11 08:31
09.05.11 08:31