176
| Македонски
F 016 L81 153 | (1.7.14)
Bosch Power Tools
Не носете ја косачката и не
влечете ја додака моторот работи.
Не вршете никакви преправки
на косачката.
Неовластените
модификации можат да доведат
до нарушување на безбедноста на
косачката, или да ја зголемат
бучавата или вибрациите.
Периодично проверувајте го
напојниот кабел и продолжниот
кабел којшто го користите. Не
поврзувајте ја косалката на
напојна мрежа со оштетени кабли.
Доколку кабелот е оштетен, не
допирајте го додека е приклучен
на струја. На оштетениот кабел
може да се дојде во допир со голи
проводници. Чувајте се од струјни
удари.
Собирање лисја
Сечилото за собирање лисја е така
проектирано, за со него да можат да
се собираат есенски суви лисја. За да
се постигне максимален ефект на
оваа функција, направете го
следново:
– висината на косачката подесете ја
на најмалку 70 mm за собирање
лисја
– собирајте лисја само на тревник
– пред да почнете со собирање на
лисјата, прегледајте на теренот да
нема луѓе, животни, предмети од
стакло и автомобили
Извлечете го кабелот од утикачот:
– секогаш кога ја оставате косачката
без надзор,
– пред отстранување на блокада,
– пред прегледување, чистење и
поправка на машината,
– веднаш по удирање во тврд
предмет. Веднаш по оштетување
прегледајте ја машината и
извршете ги неопходните
поправки,
– ако косачката почне да вибрира
неконтролирано (проверете
веднаш).
Приклучување на струја
Волтажата прикажана на
натписната плочка мора да биде
иста со волтажата на електричната
мрежа.
Советуваме овој уред да биде
приклучен на струја преку утикач
со заштитен уред за заостаната
струја што се активира при
промена на јачината на струјата од
30 mA.
При замената на напојниот кабел
користете само кабли
препорачани од производителот
на косачката. Бројот на нарачката
и видот на кабелот пронајдете ги
во упатството за употреба.
Ниикогаш не допирајте го
утикачот со мокри раце.
Не газете ги, не превиткувајте ги и
не тегнете ги напојниот или
продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат.
Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
Користениот продолжен кабел
мора да биде водоотпорен и со
соодветен пресек односно
дебелина. Врската не смее да се
наоѓа во вода.
OBJ_BUCH-1919-004.book Page 176 Tuesday, July 1, 2014 9:57 AM