
Македонски |
257
u
Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите
.
Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Употреба на допирниот екран
u
Не го користете мерниот уред, доколку има оштетувања на екранот на допир
(на пр. пукнатини на површината итн.).
A
C
B
Екранот е поделен на полињата статусна лента (A) и екран
на допир (B) со лента за мени (C).
Статусната лента (A) го прикажува
Bluetooth
®-статусот на
поврзување, предупредувањето за температура како и
состојбата на наполнетост на батериите.
Преку екранот на допир (B) може да управувате со
мерниот уред со допир на копчето.
Лентата за мени (C) има дополнителни функции (на пр.
Bluetooth
® вклучување/исклучување, мени, бришење).
– За да работите на екранот на допир користете ги само
прстите.
– Нежно притиснете го соодветното копче (копче на притискање). Не притискајте на
екранот на допир со силен притисок или со остри предмети.
– Внимавајте екранот на допир да не дојде во контакт со други електрични уреди
или вода.
– За чистење на екранот на допир исклучете го мерниот уред и избришете ги
нечистотиите на пр. со микрофибер крпа.
Ставање во употреба
u
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата.
Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
u
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
зраци.
u
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни
осцилации.
На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи
температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира,
пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Bosch Power Tools
1 609 92A 6KZ | (20.08.2021)