186
| Македонски
1 609 92A 1KR | (29.10.15)
Bosch Power Tools
Технички податоци
Техничките податоци за производот се дадени во табелата
на страна 250–251.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти.
Овие податоци може да отстапуваат при различни напони,
во зависност од изведбата во односната земја.
Ве молиме внимавајте на бројот на производот на
спецификационата плочка на Вашиот електричен апарат.
Трговските називи на поединечни електрични апарати
може да варираат.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-3.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 29.10.2015
Информации за бучава/вибрации
Мерните вредности на производот се дадени во табелата
на страна 250–251.
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-3.
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-3.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа и користење
Следната табела ја прикажува постапката при монтажа и работа со електричниот апарат. Упатствата за користењето се
прикажани на дадената слика. Во зависност од видот на примената, потребни се различни комбинации на упатства.
Внимавајте на безбедносните напомени.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
Цел на користењето
Слика Внимавајте
Страна
Подготовка за брусењето
1
252 – 253
Подготовка за сечење
2
254 – 255
Подготовка за сечење камен и
плочки (препорака)
3
256 – 257
30°
OBJ_BUCH-2284-003.book Page 186 Thursday, October 29, 2015 3:33 PM