190
| Македонски
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење и абразивно сечење
u
Користете само видови на дискови, коишто се
препорачуваат за вашиот електричен алат, и
специфична заштита дизајнирана за избраниот
диск.
Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот
електричен алат не може соодветно да се заштитат и
не се безбедни.
u
Површината за брусење на централните потиснати
дискови мора да се инсталира под рамнината на
заштитниот поклопец.
Неправилно монтиран диск
којшто се протега преку рамнината на заштитната
рамка не може соодветно да се заштити.
u
Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на
електричниот алат, и соодветно поставена за да
обезбеди максимална безбедност, така што
минимален дел од дискот да биде изложен кон
операторот.
Заштитата го заштитува операторот од
скршените парчиња на дискот, случаен контакт со
дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката.
u
Дисковите мора да се користат само за соодветни
намени. На пример: не користете диск за сечење за
странично брусење.
Абразивните дискови за сечење
се наменети за периферно брусење, страничните сили
што се применуваат на овие дискови може да
предизвикаат нивно распарчување.
u
Секогаш користете неоштетени прирабници за
дискови со правилна величина и форма за вашиот
избран диск.
Соодветните прирабници за дискови го
потпираат дискот со што се намалува можноста од
кршење на дискот. Прирабниците за дискови за
сечење може да се разликуваат од прирабниците за
дискови за брусење.
u
Не употребувајте користени дискови од поголеми
електрични алати.
Диск наменет за поголеми моќни
алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и
може да се распрснат.
Дополнителни безбедносни предупредувања
специфични за абразивно сечење
u
Не го “притискајте” дискот за сечење и не
применувајте прекумерен притисок.
Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек.
Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
навалување на дискот во засекот и можноста за
одбивање или кршење на дискот.
u
Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
Кога дискот, во текот на операцијата, се движи
подалеку од вашето тело, одбивањето може да го
придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно
кон вас.
u
Кога дискот се навалува или кога го прекинува
сечењето заради некоја причина, исклучете го
алатот и држете го неподвижен додека дискот
целосно не запре.
Никогаш не настојувајте да го
извадите дискот за сечење од засекот додека се
движи или може да дојде до одбивање.
Проверете
и преземете поправно дејство за да ја елиминирате
причината за навалување на дискот.
u
Не започнувајте повторно со сечење во делот што
го обработувате.
Почекајте додека дискот да
достигне целосна брзина и внимателно влезете
повторно во засекот.
Дискот може да се навали,
придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат
во делот што го обработувате.
u
Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го
обработувате за да го намалите ризикот од
приклештување и одбивање на дискот.
Големите
делови што ги обработувате се искривуваат под
својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате покрај линијата на засекот и
покрај ивицата на делот што го обработувате на двете
страни на дискот.
u
Користете дополнителни мерки за претпазливост
кога правите “џебен засек” во постоечки ѕидови
или други слепи површини.
Климав диск може да
пресече цевки за гас или вода, електрични жици или
предмети кои може да предизвикаат одбивање.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
u
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
u
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат.
Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
u
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по вадење на акумулаторот.
Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
u
При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира.
Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од
краток спој.
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
1 609 92A 54P | (18.07.2019)
Bosch Power Tools