
Македонски |
121
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Монтирање на основната плоча (GSS 160-1 A
Multi) (види слика A)
Целосно одвртете ги 4-те завртки
(8)
. Поставете ја
соодветната основна плоча и повторно затегнете ги
завртките.
Замена на брусната плоча (види слика A)
Брусната плоча
(6)
може да се замени по потреба.
Целосно одвртете ги 4-те завртки
(8)
и извадете ја
брусната плоча
(6)
. Поставете ја новата брусна плоча
(6)
и повторно затегнете ги завртките.
Менување на брусните листови
Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча
(6)
, на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусната плоча.
Брусни листови со леплива лента (види слика B)
Ако брусната плоча
(6)
е опремена со леплива лента,
брусните листови можете брзо и едноставно да ги
прицврстите со лепливата лента.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча
(6)
пред да
ја наместите на брусниот лист
(9)
, за да овозможите
добро слепување.
Брусниот лист
(9)
ставете го израмнето на едната страна
од брусната плоча
(6)
, потоа поставете го брусниот лист
на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист
(9)
фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча
(6)
.
Брусни листови без леплива лента (види слики C–E)
❶
Олабавете го затезниот стремен
(11)
од механизмот
за фиксирање и навалете го надолу.
❷
Вметнете го брусниот лист
(9)
под задниот
терминален блок
(10)
. Внимавајте брусниот лист
(9)
да не е прекраток и да биде правилно прицврстен.
Навалете го затезниот стремен
(11)
назад во
излезната позиција и фиксирајте го таму.
❸
Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната
плоча
(6)
. Прицврстете го предниот дел на брусната
плоча под предниот терминален блок
(12)
.
Внимавајте брусниот лист
(9)
да не е прекраток и да
биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот
стремен
(11)
назад во излезната позиција и
фиксирајте го таму.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење
(13)
за всисување на прав.
Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика
F
).
За да го извадите брусниот лист
(9)
олабавете ги двата
затезни стремени
(11)
и извлечете го брусниот лист од
неговиот држач.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
Гранулација
За обработка на сите дрвени материјали
40 – 240
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
грубо
40, 60
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
среден 80, 120
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
фино
180, 240
За обработка на обоени/лакирани слоеви
одн. подлоги, како маса за полнење и
шпахтел маса
40 – 240
За брусење на боја
грубо
40, 60
За брусење на основната боја
среден 80, 120
За крајно брусење на основната
боја пред лакирање
фино
180, 240
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Bosch Power Tools
1 609 92A 4AD | (03.11.2020)