180
| Македонски
Безбедносни напомени за сите примени
Безбедносни предупредувања за брусење,
шмирглање, жичано четкање, полирање, резбање или
абразивно сечење
u
Овој електричен алат е наменет да функционира
како алат за брусење, шмирглање, жичано
четкање, полирање, резбање и сечење. Прочитајте
ги сите безбедносни предупредувања, илустрации
и спецификации приложени со овој електричен
алат.
Грешките настанати како резултат на
непридржување до сите инструкции приложени
подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/
или тешки повреди.
u
Не користете дополнителна опрема која не е
специјално дизајнирана и не е препорачана од
производителот на алатот.
Само затоа што
дополнителната опрема може да се вгради во вашиот
електричен алат, не значи дека може да се обезбеди
безбедно работење.
u
Утврдената брзина на дополнителната опрема за
брусење, мора да биде најмалку еднаква на
максималната брзина означена на електричниот
алат.
Дополнителната опрема за брусење која работи
побрзо од утврдената брзина може да се скрши и да се
распрска насекаде.
u
Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат.
Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се контролира.
u
Големината на осовината на дисковите, брусниот
валјак или другата дополнителна опрема, мора
правилно да се вклопува во вретеното или
затезната чаура на електричниот алат.
Дополнителната опрема која не е соодветна на
хардверот на електричниот алат не може да одржува
рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да
предизвика губење на контрола.
u
Вретенаста брусна четка, брусен валјак, резачи и
другата дополнителна опрема мора целосно да
бидат вметнати во затезната чаура или полугата.
Ако вретеното не е доволно зацврстено и/или валјакот
премногу стрчи, валјакот може да се олабави и да
отпадне со голема брзина.
u
Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред
употреба проверете ја дополнителната опрема,
како на пр., абразивните дискови за иверки и
струготини, брусниот валјак за отвори, стружење
или претерано абење, жичаната четка со олабавени
или пукнати жици. Ако електричниот алат или
дополнителната опрема падне, проверете дали е
оштетена или инсталирајте неоштетена
дополнителна опрема. По проверката или
инсталирањето на дополнителна опрема, вие и
луѓето во близина поместете се подалеку од
рамнината на ротирачката опрема, и вклучете го
електричниот алат на максимална брзина без
оптоварување една минута.
Оштетената
дополнителна опрема вообичаено се расипува во
текот на овој тест период.
u
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка
престилка, којашто ги запира малите абразивни
парчиња или парчиња од делот што го
обработувате.
Заштитата за очи мора да овозможи
спречување на остатоци што се распрскуваат при
работењето. Маската против прав или респираторот
мора да ги филтрира честичките што се генерираат
при работењето. Долготрајна изложеност на
интензивна бучава може да доведе до губење на
слухот.
u
Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени
од работниот простор. Секој што влегува во
работниот простор мора да носи лична заштитна
опрема.
Парчиња од делот што го обработувате или
расипана дополнителна опрема може да експлодира и
распрска и да предизвика повреда надвор од
непосредната работна површина.
u
Држете го електричниот алат за изолираната
површина само додека сечете, за да не дојде во
контакт со скриена жица или со неговиот кабел.
Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон“, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон“ и операторот може да
добие струен удар.
u
Секогаш цврсто држете го алатот со раце за време
на вклучувањето.
Реакциониот вртежен момент на
моторот се забрзува до максимум, и може да
предизвика искривување на алатот.
u
Користете менгеме за да го прицврстите делот што
се обработува, секогаш кога е можно. Никогаш не
држете мал дел што се обработува во едната рака,
и алатот во другата рака за време на сечењето.
Ако
го прицврстите малиот дел што се обработува, со
рацете ќе можете да го контролирате алатот.
Тркалезниот материјал, како на пр. дрвени прачки,
цевки или цевчиња, може да се тркалаат за време на
сечењето, и да предизвикаат сечилото да се навали
или да отскокне кон вас.
u
Тргнете го настрана кабелот од ротирачка
дополнителна опрема.
Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или закачи и вашата
дланка или рака може да влезе во ротирачката
дополнителна опрема.
u
Не го оставајте електричниот алат долу додека
дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и
да го повлече електричниот алат надвор од ваша
контрола.
u
По менување на сечилата, или по нивно
подесување, уверете се дека навртката на
1 609 92A 6KE | (17.06.2021)
Bosch Power Tools
Summary of Contents for GRO 12V-35
Page 5: ... 5 2 1 1 2 F G I J H Bosch Power Tools 1 609 92A 6KE 17 06 2021 ...
Page 253: ... 253 L BOXX 102 1 600 A00 1DY 2 608 438 123 Bosch Power Tools 1 609 92A 6KE 17 06 2021 ...
Page 254: ...254 1 609 92A 6KE 17 06 2021 Bosch Power Tools ...
Page 258: ...IV 1 609 92A 6KE 17 06 2021 Bosch Power Tools ...