Македонски |
175
Bosch Power Tools
1 619 92A 069 | (16.10.13)
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење потребен ви е SDS-plus-алат, што ќе се
вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика
како и за заштафување/одвртување се користат алати без
SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.
Менување на брзозатезната глава за дупчење
За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна
глава за дупчење, опрема).
Вметнете ја брзозатегачката глава за дупчење
(види слика C)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Брзозатезната глава за дупчење
18
со вратилото за
прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат,
додека самата не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на истата.
Вадење на брзозатезната глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување
4
наназад и извадете
ја брзозатезната глава за дупчење
18
.
Замена на алатот
Капакот за заштита од прав
3
го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав
3
е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика D)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно без користење на дополнителни алати да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се
маневрира, условено од системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Извадете го SDS-max алатот за вметнување
(види слика E)
– Турнете ја чаурата за заклучување
4
наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
(види слика F)
Напомена:
Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Поставете ја брзозатезната глава за дупчење
18
.
– Држете ја цврсто задната чаура
20
на брзозатезната
глава за дупчење
18
и свртете ја предната чаура
19
во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се вметне алатот. Вметнете го алатот.
– Држете ја цврсто задната чаура на брзозатезната глава
за дупчење
18
, а предната чаура свртете ја цврсто со
рака во правец на стрелките на часовникот додека
целосно не се вклопи. Со тоа, главата за дупчење
автоматски се заклучува.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена:
Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува,
а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура
19
во
правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа
може да се затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11
во позиција „Дупчење“.
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(види слика G)
– Држете ја цврсто задната чаура
20
на брзозатезната
глава за дупчење и свртете ја предната чаура
19
на
истата во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не се извади алатот.
Вшмукување на прав со Saugfix (опрема)
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
OBJ_BUCH-518-008.book Page 175 Wednesday, October 16, 2013 2:57 PM
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com