152
| Македонски
u
При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира.
Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u
При погрешно користење или при оштетена
батерија може да истече запалива течност од
батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста,
исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во
контакт со очите, побарајте лекарска помош.
Истечената течност од батеријата може да предизвика
кожни иритации или изгореници.
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на
контактите.
Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
u
Користете ја батеријата само во производи од
производителот.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
u
Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на
батерии, се користи со други батерии, постои
опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
u
Не работете со всисувачот кога го носите со
ременот за носење.
При всисување можете да се
сопнете и да паднете на ременот за носење.
u
Користете го ременот за носење исклучиво со
всисувачот.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на Вашиот всисувач. Ве молиме запаметете ги ознаките и
нивното значење. Вистинската интерпретација на
ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите всисувачот.
Ознаки и нивно значење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги
сите безбедносни напомени и
упатства.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства
Ознаки и нивно значење
може да предизвикаат електричен
удар, пожар и/или тешки повреди.
Всисувач од класата на всисување L
според IEC/EN 60335‑2‑69 за
всисување на суви материи
од
штетни прашини со гранична вредност
на изложеност > 1 mg/m³
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот
содржи прав што е опасна по
здравјето. Празнењето и
одржувањето, како и вадењето на
контејнерот за собирање прав смее
да се врши само од страна на
стручен персонал. Потребна е
соодветна заштитна опрема. Не го
користете всисувачот без
комплетниот и внимателно вметнат
филтерски систем.
Инаку го
загрозувате вашето здравје.
Опис на производот и
перформансите
Употреба со соодветна намена
Всисувачот е наменет за собирање, всисување, пренос и
одделување на незапаливи суви честички прав,
незапаливи течности и мешавина од вода и воздух.
Всисувачот технички проверен за прав и одговара на
класата на всисување L. Тој е прилагоден и на високите
барања при негова комерцијална употреба на пр. во
занаетчиството, индустријата и сервисните работилници.
Всисувач од класата на всисување L според IEC/
EN 60335‑2‑69 смее да се користи само за всисување на
материи што се штетни по здравјето со гранична
вредност на изложеност > 1 mg/m³.
Користете го всисувачот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги добиете потребните
упатства.
Rotational Airflow
Системот за филтрирање без ќеса заштедува употреба на
ќеси за прав. Нечистотијата се собира на внатрешниот
ѕид на садот.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на прикажаните компоненти се однесува
на приказот на всисувачот на графичката страница.
(1)
Сад
(2)
Поклопец за горниот дел на всисувачот
(3)
Копче за вклучување-исклучување
(4)
Приказ за наполнетост на батеријата
(5)
Горен дел на всисувачот
1 609 92A 7MV | (12.05.2022)
Bosch Power Tools
Summary of Contents for GAS 18V-10 L Professional
Page 3: ... 3 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 9 12 Bosch Power Tools 1 609 92A 7MV 12 05 2022 ...
Page 4: ...4 8 13 14 15 16 17 18 16 17 1 609 92A 7MV 12 05 2022 Bosch Power Tools ...
Page 216: ...216 1 609 92A 7MV 12 05 2022 Bosch Power Tools ...
Page 220: ...IV 1 609 92A 7MV 12 05 2022 Bosch Power Tools ...