![Bosch AL 1815 CV Original Instructions Manual Download Page 169](http://html.mh-extra.com/html/bosch/al-1815-cv/al-1815-cv_original-instructions-manual_37918169.webp)
поради тоа.
Инаку постои опасност од погрешна
употреба и повреди.
u
За време на користењето, чистењето и
одржувањето надгледувајте ги децата.
Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со
полначот.
u
Полнете само Bosch литиум-јонски батерии со
капацитет од
1,5Ah (од
4
батериски ќелии).
Напонот на батеријата мора да одговара на
напонот за полнење на батеријата на полначот.
Не полнете батерии за повторно полнење.
Инаку
постои опасност од пожар и експлозија.
Држете го полначот подалеку од дожд или влага.
Навлегувањето на вода
во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар.
u
Одржувајте ја чистотата на полначот.
Доколку се извалка, постои опасност од
електричен удар.
u
Пред секое користење, проверете ги полначот, кабелот и приклучокот. Не го
користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами
полначот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој
ќе користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот полнач, кабел и
приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
u
Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил
итн.) одн. во запалива околина.
Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.
u
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да
излезе пареа.
Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u
Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот.
Инаку полначот
може да се прегрее и да не функционира правилно.
Македонски |
169
Bosch Power Tools
1 609 92A 4BK | (15.05.2018)