Македонски |
123
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно
EN 62841‑1
.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично е помало од 70 dB(A). Нивото на звучниот
притисок при работењето може да ги надмине
наведените вредности.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 62841‑1
:
a
h
<
2,5
m/s
2
, K =
1,5
m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
u
Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци.
Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена:
Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u
По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата (види слика A)
За да ја извадите батеријата
(6)
притиснете на копчињата
за отворање на батеријата
(7)
и извлечете ја батеријата
од електричниот алат.
Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата
(9)
ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата
(6)
. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
За да ја прикажете состојбата на наполнетост, притиснете
го копчето за приказ за наполнетоста
(8)
на исклучениот
електричен алат и држете го притиснато.
LED светилки
Капацитет
Трајно светло 3× зелено
≥66 %
Трајно светло 2× зелено
≥33 %
Трајно светло 1× зелено
<33 %
Трепкаво светло 1× зелено
Резерва
Промена на алат (види слики B1−B2)
u
Пред да го извадите сечилото, оставете го да се
олади.
Сечилото може да се вжешти за време на
работата.
– Олабавете ја завртката со нарецкана глава
(1)
и
притиснете на заштитниот капак
(3)
целосно нагоре.
– Со помош на одвртувач свртете го сечилото
(10)
додека не се отвори една дупка од сечилото.
– Ставете еден тенок стабилен предмет (на пр. шајка) во
отворената дупка за да го блокирате сечилото.
– Олабавете ги шрафовите за прицврстување на
сечилото
(11)
во правец на вртење
➊
.
– Извадете го предметот којшто сте го употребиле за
блокирање на сечилото.
– Лесно подигнете го сечилото
(10)
и извлечете го
надолу.
– Новото сечило со избрусениот раб нанадвор ставете
го на прифатот за алат. Внимавајте на правилното
вклопување на сечилото во прифатот за алат.
– Повторно олабавете ги завртките за прицврстување на
сечилото
(11)
во правец на вртење
➋
.
Bosch Power Tools
1 609 92A 6TE | (27.07.2021)