
38 / МК
Правосмукалка / Прирачник за употреба
1
Важни упатства и предупредувања за
безбедноста и животната средина
•
Заштетете го уредот од дожд,
влага и извор на топлина.
•
Уредот не смее да се користи во
близина на запаливи места или
материјали.
•
Пред чистењето и одржувањето
исклучете го уредот од струја.
•
Уредот или кабелот за струја
не смее да се потопува во вода
кога се чисти.
•
Цревото мора редовно да
се проверува. Не смее да
се користи ако е оштетено,
контактирајте го овластениот
сервис.
•
Не обидувајте се да го
размонтирате уредот.
•
Користете само оригинални
делови или делови кои ги
препорачал производителот.
•
Ако уредот често се користи
за чистење на прашини, како
што се цемент или фуга маси,
индикаторот за прав ќе се вклучи
порано од вообичаеното, па во
тој случај заменете ја кесата за
прав, дури и доколку е празна.
•
Уредот не смее да се користи
без филтер; може да се оштети.
•
Кога се чистат скали со
правосмукалката, уредот мора
да се наоѓа под корисникот.
•
Aко ја чувате амбалажата на
уредот, чувајте ја на места
недостапни за деца.
1.2 Усогласеност со WEEE
директивата и отстранување
на стариот уред
Oвој уред не содржи штетни и забранети
материјали наведени во “Регулативата
за супервизија на електрични и
електронски уреди за отпад” издадена
од Министерството за животна средина и
просторно планирање. Усогласен е со WEEE
Директивата. Oвој уред произведен е од високо
квалитетни делови и материјали кои може
повторно да се користат и рециклираат. Затоа
уредот не смее да се отстранува со обичниот
отпад од домаќинството на крајот на работниот
век. Однесете го на местото за собирање на
рециклажен електричен и електронски отпад.
Распрашајте се кај локалните власти за Вашиот
реон за овие места. Помогнете во заштитата на
животната средина и природните ресурси така
што ќе го рециклирате употребениот уред.
1.3 Информации за
амбалажата
Aмбалажата на уредот произведена е
од материјали кои може да се
рециклираат во согласност со
националните регулативи за животната
средина. Амбалажата не смее да се отстранува
заедно со обичниот отпад од домаќинството.
Однесете ја на местото одредено од страна на
локалните власти на кое се собираат амбалажи.