![Beko RCNA406E35ZXBR Instructions Of Use Download Page 36](http://html.mh-extra.com/html/beko/rcna406e35zxbr/rcna406e35zxbr_instructions-of-use_2724049036.webp)
Замрзнување свежа храна
Завиткајте или покријте ја храната
пред да ја ставите во ладилникот.
Врела храна мора прво да се излади
на собна температура пред да се
стави во ладилникот.
Храната што сакате да ја замрзнете
мора да биде свежа и со добар
квалитет.
Храната мора да се подели во
порции во согласност со дневните
потреби на семејството или со
потребите за консумирање месо.
Храната мора да биде спакувана со
истиснат воздух за да се спречи
исушување дури и кога ќе се чува
краток период.
Материјалите што ќе се употребат за
пакување на храната мора да се
отпорни на ладно и влага и со
истиснат воздух. Материјалот за
пакување на храната мора да има
задоволителна дебелина и
издржливост. Во спротивно, стврдната
храна заради замрзнувањето може да
го дупне пакувањето. Важно е
пакувањето да биде убаво затворено
за безбедно чување на храната.
Замрзната храна мора да се
употреби веднаш по растопување и не
смее повторно да се замрзнува.
Ставање топла храна во одделот за
замрзнување предизвикува системот
за ладење да работи постојано додека
не се замрзне храната целосно.
Следете ги следните упатства за да
ги постигнете најдобрите резултати.
1. Не замрзнувајте премногу големи
количини храна одеднаш. Квалитетот
на храната најдобро се зачувува кога
се замрзнува целосно колку што е
можно поскоро.
2. Особено внимавајте да не мешате
веќе смрзната храна и свежа храна.
14
МК
3. Уверете се дека свежата храната не
се допира до зготвената храна во
ладилникот.
4. Максималната количина на
складирана замрзната храна се
постигнува без да се користат
фиоките во одделот на замрзнувачот.
Потрошувачката на струјата е
прикажана со максимално наполнет
замрзнувач на полиците без фиоките.
5. Препорачуваме да ја ставате
храната на горната полица во
замрзнувачот за првично
замрзнување.
Оддел за чување храна што
лесно се расипува (ниска
температура / -2
0
C - +3
0
C).
Овој оддел е наменет за чување
замрзната храна што треба бавно да
се одмрзнува (месо, риба, пилешко
итн.) по потреба. Одделот со ниска
температура е најстуденото место во
ладилникот каде млечните производи
(сирење, путер), месо, риба или
пилешко може да се чуваат во
идеални услови.
Во овој оддел не треба да се ставаат
зеленчук и/или овошје.