Аспиратор / Прирачник за употреба
93 / МК
4
Инструкции за чистење и одржување
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
•
Секојпат кога планирате да го проверите
или исчистите аспираторот, мора прво да го
исклучите од струја.
•
Чистењето и одржувањето на уредот не треба да
се изведува од деца што не се под надзор.
•
Агресивните или абразивните производи
за чистење може да ја оштетат површината.
Никогаш не употребувајте агресивни или
абразивни агенси за чистење. Купете ги
соодветните производи за чистење и заштита
за вашиот уред од авторизираниот технички
сервис. Површината на машината и контролните
единици се чувствителни на гребнатини.
•
Исчистете ја површината со мека, влажна крпа, со
детергент за садови или неагресивно средство за
чистење стакло. Отстранувајте ги закоравените
остатоци со влажна крпа. Не гребете!
•
Не треба да се употребува сува крпа, абразивен
сунѓер, производи што создаваат фрикција и
други агенси за чистење што содржат песок, сода,
киселина или хлор.
•
Чистете ги површините од нерѓосувачки челик во
насока на шарите.
•
Не употребувајте агенси за чистење на
нерѓосувачки челик и мокри крпи за контролните
единици.
•
Чистење на филтрите за маснотии -
Употребените метални филтри за маснотии ги
фаќаат честичките од маснотиите директно од
влажниот воздух и од пареата што се генерира во
кујната. При нормални услови на употреба (1-2
часа дневно), чистењето на филтрите за маснотии
треба да се чистат речиси секои три месеци.
•
Не употребувајте премногу јаки агенси за
чистење, алкали или киселини.
•
Чистете ги и металните стеги за филтерот за
маснотии со влажна крпа.
4.1 Миење на филтрите за
маснотии во машина за садови
•
Филтрите за маснотии можете да ги миете рачно
или во машина за садови.
•
Кога ги миете филтрите во машина, бојата може
малку да им се измени. Тоа не влијае врз нивната
функција.
•
Не мијте ги многу валканите метални филтри за
маснотии заедно со другите садови.
•
Ставете ги филтрите за маснотии во машина за
садови без да ги трупате.
4.2 Рачно миење
•
Може да употребите специјален раствор
за маснотии за да ја отстраните упорната
нечистотија. Овој тип на раствор можете да го
најдете кај авторизиран продажник.
•
Ставете ги филтрите за маснотии во топла вода
со детергент за садови.
•
Употребете четка за чистење и почекајте течноста
на металните филтри за маснотии да се исцедат
целосно.
•
Исплакнете ги филтрите темелно по чистењето.
A
П Р Е Д У П Р Е Д У В А Њ Е :
Чистењете ги металните филтри
за маснотии навремено за да
избегнете опасност од пожар којшто
е предизвикан од преголема топлина
за време на пржење.
4.3 Отстранување/инсталирање
на алуминиумски филтер
Повлечете го алуминиумскиот филтер кон вас
со притискање на соодветното копче. За да го
инсталирате филтерот, направете го истото во
обратен редослед.