![Zanussi ZRB36104WA Скачать руководство пользователя страница 53](http://html.mh-extra.com/html/zanussi/zrb36104wa/zrb36104wa_user-manual_920173053.webp)
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и
околу најгорната преграда
секогаш ќе се формира
одредена количина мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне
дебелина од околу 3-5 mm.
Одмрзнувањето може да се
забрза ако ставите пластични
садови со топла вода (која не
врие) внатре во замрзнувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Никогаш не користете метални
алатки за да го стругате мразот
од испарувачот, бидејќи може да
го оштетите. Не користете
механички уреди или какви било
други вештачки средства за
забрзување на процесот на
одмрзнување, освен оние што се
препорачани од производителот.
Зголемувањето на
температурата на смрзнатата
храна за време на
одмрзнувањето може да го
скрати нејзиниот век на чување.
1. Исклучете го апаратот и извлечете го
приклучникот од ѕидниот штекер.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете ја на
студено место.
3. Извадете ги фиоките на замрзнувачот.
4. Ставете изолациски материјал околу
фиоките, на пр. кебиња или весници.
5. Оставете ја вратата отворена и
вметнете ја пластичната гребалка во
соодветното лежиште во долниот
централен дел, ставајќи леген
одоздола за да ја собира водата од
одмрзнувањето.
6. Внимателно гребете го мразот кога ќе
започне да се топи (користете дрвен
или пластичен гребач).
7. Кога ќе се стопи целиот мраз, исушете
ја внатрешноста темелно и чувајте ја
гребалката за идна употреба.
8. Вклучете го апаратот и заменете ја
смрзнатата храна.
Периоди на неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве мерки за
заштита:
1. Откачете го апаратот од електричната
мрежа.
2. Извадете ја сета храна.
3. Одмрзнете ги (ако е потребно) и
исчистете го апаратот и сите додатоци.
4. Исчистете ги апаратот и сите додатоци.
5. Оставете ја вратата/вратите отворени
за да спречите непријатни миризби.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ако фрижидерот треба да
остане вклучен, замолете некого
да го проверува повремено за да
не се случи храната да се
расипе во случај на снемување
струја.
Решавање на проблеми
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
www.zanussi.com
53
Содержание ZRB36104WA
Страница 75: ...www zanussi com 75 ...
Страница 76: ...www zanussi com shop 280153062 A 042014 ...