
Villager
VEBV 3000 (MK)
5
ПРЕДУПРЕДУВАЊE
: Бидете внимателни да не се изложува електричниот уред на дожд и веднаш
отстранете го приклучокот од мрежното напојување доколку е оштетен кабелот за напојување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊE
: ОВОЈ УРЕД НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ ДОКОЛКУ Е ОТСТРАНЕТА КЕСАТА ЗА
ПРИФАЌАЊЕ. Вентилаторот или летечките отпадоци може да предизвикаат сериозни повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊE
: ОВОЈ УРЕД НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ ДОКОЛКУ Е ОТСТРАНЕТА ЦЕВКАТА НА
ПРАВОСМУКАЛКАТА/ ДУВАЧОТ.
Вентилаторот или летачките отпадоци може да предизвикаат сериозни повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊE
: Доколку се користи на влажни површини може да дојде до струен удар. Не
смее да се изложува на дожд. Уредот се чува во затворени простории.
ПРЕДУПРЕДУВАЊE
: Секогаш носете заштитни очила како би спречиле камењата или парчињата од
дувањето или рикошетирањето да Ви ги оштетат очите или лицето што може да доведе до слепило
или до други сериозни повреди.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО МАШИНАТА
1.
Кабелот секогаш насочете го кон задната страна, подалеку од уредот.
2.
Доколку се оштети кабелот за време на употребата, веднаш исклучете го кабелот за напојување од
мрежното напојување.
3.
Користете го уредот само на дневно светло или на добро вештачко осветлување.
4.
Одете, никогаш не трчајте.
5.
Сите отвори за ладење на воздухот, одржувајте ги чисти.
6.
Не обидувајте се да го модифицирате електричниот уред на било кој начин. Користењето на било кој
додаток или прибор, освен на оние кои се препорачани во ова упатство може да доведе до оштетување на
електричниот уред и до повредување на ракувачот.
7.
Никогаш не вшмукувајте цврсти предмети како што се камења, шишиња, лименки или парчиња метал во
Правосмукалката – Дувачот. Тие може да доведат до оштетување на машината и до евентуално
повредување на ракувачот и на случајните минувачи.
8.
Доколку страно тело или други отпадоци случајно доспеат во Правосмукалката – Дувачот, веднаш
исклучете го/ја и не користете го/ја Правосмукалката – Дувачот се додека не го проверите, и не се осигурате
дека Правосмукалката – Дувачот е во безбедна работна состојба.
9.
Доколку Правосмукалката – Дувачот произведува необичен звук или почне ненормално да вибрира
веднаш ИСКЛУЧЕТЕ ГО и извадете го приклучокот од напојувањето, и пронајдете ја причината. Силните
вибрации може да доведат до оштетување на Правосмукалката – Дувачот и до повредување на ракувачот.
10.
Никогаш не користете го уредот во близина на луѓе, посебно во близина на деца или домашни миленици.
11.
Ракувачот или корисникот одговорен е за несреќите или опасностите кои ќе им се случат на другите луѓе
или на нивниот имот.
12.
Пред употреба, секогаш проверете го уредот, со вклучување на напојување и на продолжен кабел за да
видите дали има знаци на оштетување и абење.
13.
Никогаш не работете со уред со неисправни штитници или заштита, или без сигурносни уреди, на пример
ако кесата за собирање на отпадоци не е на своето место.
Содержание VEBV 3000
Страница 7: ...Villager VEBV 3000 SI 7 SPLOŠNE INFORMACIJE ...
Страница 20: ...Villager VEBV 3000 GB 7 GENERAL INFORMATION ...
Страница 33: ...Villager VEBV 3000 RS 7 OPŠTE INFORMACIJE ...
Страница 39: ...Villager VEBV 3000 RS 13 ...
Страница 40: ...Villager VEBV 3000 RS 14 ...
Страница 48: ...Villager VEBV 3000 BG 7 ОБЩИ ИНФОРМАЦИИ ...
Страница 74: ...Villager VEBV 3000 FR 7 INFORMATIONS GENERALES ...
Страница 80: ...Villager VEBV 3000 FR 13 ...
Страница 81: ...Villager VEBV 3000 FR 14 ...
Страница 89: ...Villager VEBV 3000 GR 7 ΓΕΝΙΚΕΣ ΠΛΗΡΟΦΟΡΙΕΣ ...
Страница 103: ...Villager VEBV 3000 HR 7 OPĆE INFORMACIJE ...
Страница 116: ...Villager VEBV 3000 MK 7 ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ...
Страница 143: ...Villager VEBV 3000 SK 7 VŠEOBECNÉ INFORMÁCIE ...
Страница 150: ......