30
MK
• Овој уред е наменет за употреба во
домаќинства и слични опкружувања од
типот на кујни за персоналот во продавници,
канцеларии и други работни средини;
земјоделски домаќинства и хотели, мотели и
останати објекти од резиденцијален тип, каде
што се става на располагање на клиентите;
објекти кои нудат услуги на ноќевање со
појадок; кетеринг и слични непродажни
намени.
• Доколку кабелот за напојување е оштетен,
неговата замена е потребно да ја изврши
производителот, негов овластен сервисер
или лице со слични квалификации како би се
избегнала појава на опасности.
• Не чувајте експлозивни супстанци од типот
на аеросолни боци со потиснувачки гас во
уредот.
• Уредот е потребно да го исклучите од струја
по употребата, а пред неговото корисничко
одржување.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Водете сметка
вентилациските отвори да не бидат блокирани
во рамки на вградениот дел или во вградените
конструкции за уредот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Не употребувајте
механички средства или други постапки за
забрзување на процесот на одмрзнување,
освен ако не се препорачани од страна на
производителот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Не ја оштетувајте
инсталацијата на средството за ладење.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Не употребувајте
електрични уреди во рамки на преградите
за чување на храна во уредот, освен ако не
станува збор за уреди кои се препорачани од
производителот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Фрижидерот одложете
го во согласност со локалните прописи
бидејќи за неговото работење се користат
запалив експлозивен гас и средство за
ладење.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: При позиционирање на
уредот, уверете се дека кабелот за напојување
не е притиснат или оштетен.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Не поставувајте
преносливи продолжни кабли со повеќе
штекери или преносни акумулатори зад
уредот.
• Не употребувајте продолжни кабли или
незаземјени (со два краци) адаптери.
•
ОПАСНОСТ
: Ризик од затворање на деца во
уредот. Пред да го остстраните стариот уред :
- Отстранете ја вратата.
- Оставете ги полиците во рамки на уредот
како децата не би можеле лесно да се
вовлечат внатре.
• Пред да се обидете да инсталирате некој од
пропратните елементи, фрижидерот треба да
го исклучите од струја.
• Средството за ладење и пенливото средство
циклопентан кои се користат во уредот
се запаливи. Затоа, при одложување на
фрижидерот, држете го подалеку од извори
на пламен и, наместо да го одложите
со согорување, предајте го на некоја
специјализирана компанија со соодветни
квалификации која ќе овозможи негова
повторна употреба, бидејќи на тој начин
ќе спречите штетни ефекти по животната
средина или други опасности.
• За EN стандард: Овој уред можат да го
користат деца на возраст од 8 или повеќе
години и лица со намалени физичко-сензорни
или ментални способности или недостаток
од искуство и знаење, доколку се под надзор
или се упатени во безбедното користење на
уредот и ги сфаќаат опасностите кои ги носи
неговата употреба. Децата не смеат да си
играат со уредот. Децата не смеат да вршат
чистење и корисничко одржување на уредот
без надзор.
• За IEC стандард: Овој уред не треба да го
користат лица (вклучувајќи деца) со намалени
физичко-сензорни или ментални способности
или недостаток од искуство и знаење, освен
ако се под надзор или ако за користење на
уредот ги има обучено лице кое е одговорно
за нивната безбедност.
• Децата е потребно да ги надгледувате како би
биле сигурни дека не си играат со уредот
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Предупредување:
ризик од пожар / запаливи материјали
Предупредување:
ПРЕПОРАКИ:
Содержание RS1300M
Страница 2: ......
Страница 30: ...30 MK EN 8 IEC...
Страница 31: ...31 MK...
Страница 32: ...32 MK Upozorenja u vezi sa odlaganjem 1 2 3 4...
Страница 33: ...33 MK 30 cm 10 cm a b c N V...
Страница 34: ...34 MK 1 2 5 16 3...
Страница 35: ...35 MK 4 LED 2 3 4...
Страница 36: ...36 MK 1 6 OFF...
Страница 37: ...37 MK 45...
Страница 38: ...38 MK...
Страница 39: ...39 MK C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1...
Страница 58: ......
Страница 59: ......
Страница 60: ...tesla info...