
MK - 6
5.2.3
Рачка за ВКЛУЧУВАЊЕ на погон
ВАЖНО
Моторот треба секогаш да
се стартува со исклучен погон.
Го активира движењето на тркалата и
дозволува движење на машината.
Се наоѓа зад рачката.
Активиран погон.
Косилката се
движи нанапред кога рачката е
повлечена кон рачката за управување
(Сл.7.B). Косилката запира да се движи
нанапред кога рачката е отпуштена.
ВАЖНО
Избегнувајте придвижување на
машината наназад кога погонот е ВКЛУЧЕН.
За одредени модели, брзината нанапред може
да се прилагоди со избирачот што се наоѓа
на десната страна од рачката (Сл.8.C).
Може да се изберат 6 различни нивоа на брзина.
1.
Максимална брзина
(околу 5 км/ч).
2.
Минимална брзина
(околу 2,5 км/ч).
ЗАБЕЛЕШКА
Последното избрано ниво на
брзина останува и по исклучување на машината.
5.2.4
Копче „ЕКО“
Функцијата „ЕКО“ овозможува заштеда на енергија
во текот на косењето на тревата и оптимална
автономија на батеријата. Притиснете го копчето
(Сл.8.D) за да ја активирате или деактивирате „ЕКО“
функцијата.
Овој режим автоматски се деактивира секојпат
кога ќе се отпушти рачката за оператор.
ЗАБЕЛЕШКА
Употребата на функцијата „ЕКО“
не се препорачува во услови на отежнато косење
(косење на густа, висока или влажна трева).
5.3
РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНАТА НА КОСЕЊЕТО
Со подигање и спуштање на шасијата, тревата
може да се коси на различни висини.
Извршете ја оваа операцијата кога сечилото е
во мирување.
Регулацијата на висината на косење се изведува
со помош на соодветната рачка (сл.9.A) којашто ја
подигнува или спушта шасијата на саканата висина.
6.
УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што треба да ги
следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте
се до овие упатства за да избегнете сериозни
ризици или опасности.
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност:
Уверете се дека безбедносниот клуч
не е вметнат во клучалката.
Ставете ја машината хоризонтално
и стабилна на теренот.
6.1.1
Контрола на батеријата
Пред да ја користите машината за првпат
по купувањето, оставете батеријата да
се наполни до крај согласно насоките
дадени во упатството за батеријата.
Пред секоја употреба, проверете ја состојбата
на полначот за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата.
6.1.2
Регулација на висината на косењето
Регулирајте ја висината на косење како
што е посочено во (пас. 5.3).
6.2
БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Извршете ги следните безбедносни
контроли и проверете дали резултатите
соодветствуваат со даденото во табелата.
Секогаш вршете ги безбедносните контроли
пред работа.
6.2.1
Општи безбедносни контроли
Предмет
Резултат
Ракофати
Чисти, суви.
Рачка
Правилно и цврсто
фиксирана на машината.
Уред со сечивото
Чист, не треба да е
оштетен или изабен.
Контрола на прекинувач
Рачка за оператор
Рачка за ВКЛУЧУВАЊЕ
Рачката за брзини
треба да е во слободно
движење, без примена
на сила и при отпуштање
треба да се врати
автоматски и брзо во
неутрална позиција.
Батерија
Без никакви оштетувања
на куќиштето и без
протекување на течност.
Шрафови/навртки
на машината и на
уредот со сечивото
Добро зашрафени
(не разлабавени).
Отвори за воздух
за ладење
Без пречки.
Машина
Никаков знак на
оштетување или
изабеност.
Содержание MCS 470 Li 60 series
Страница 4: ...I A B C J E H D F G 1 4 2 3 6 8 5 7 11 W 12 10 9 Type s n Art N d c 1 2 ...
Страница 5: ...3 I ...
Страница 6: ...0 mm 4 II 3 mm ...
Страница 7: ...III 5 ...
Страница 8: ...A I II A 6 OFF ON OFF ON II I A A A B C A C B 7 8 9 ...
Страница 9: ...10 A ON ON II I A A 11 12 13 14 A ...
Страница 10: ...A B C B II I A B II I A B B MCS 470 Li 48 Series 15 16 17 A 18 19 20 ...
Страница 11: ...A 22 21 A B C MCS 500 Li 48 Series B A 23 24 25 A ...
Страница 12: ...26 ...
Страница 413: ...dB LWA Type s n Art N ST S p A Via del Lavoro 6 31033 Castelfranco Veneto TV ITALY ...