Македонски-9
Мак
ед
онски
• Пред да го поврзете кабелот за AC напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали ознаката за напон на
DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување.
• Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа претставува опасност од
електричен удар.
• За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар
смее да го отвора овој уред.
• Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за
напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не
исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.
• Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја
миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот дилер или сервисен центар.
• Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако телевизорот и Evolution Kit нема
да се користат или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари луѓе или луѓе со
посебни потреби ќе останат сами во домот).
–
Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради правта
кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства.
• Обратете се во овластен сервисен центар на Samsung за да добиете повеќе информации доколку планирате да
го инсталирате Evolution Kit на место со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски
супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во
спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на вашиот Evolution Kit.
• Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.
–
Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема
од класа l.)
Содержание sek-4500
Страница 300: ...This page is intentionally left blank ...
Страница 301: ...This page is intentionally left blank ...
Страница 302: ...This page is intentionally left blank ...