506
Македонски
2
Почекајте 1 минута. Бројот на квадрати на лентата за тестирање што ќе станат црвени ја
означуваат тврдоста (Сл. 19) на водата.
Поставете ја машината на точната тврдост на водата:
1
Допрете на иконата „Поставки“ и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да
изберете „Water hardness“ (Тврдост на водата). Потоа притиснете на иконата ОК за да
потврдите.
2
Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да го изберете нивото на тврдост на водата.
Бројот на црвени квадрати избран на дисплејот треба да биде ист со бројот на црвени
квадрати на лентата (Сл. 20) за тестирање.
3
Кога ќе ја поставите точната тврдост на водата, допрете ја иконата ОК за да потврдите.
Приспособување на поставката за мелење
Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна.
Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако ќе биде
свареното кафе. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете.
Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве
советуваме да не ја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150
филџани (приближно 1 месец користење).
Поставката за мелење може да ја поставувате само кога машината ги меле зрната кафе.
Треба да сварите 2 или 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата.
Не вртете го копчето за поставување на мелењето повеќе од еден зарез едновремено за да
се спречи оштетување на мелницата.
1
Ставете филџан под одводот за распрскување кафе.
2
Отстранете го капакот од резервоарот (Сл. 21) за зрна кафе.
3
Допрете ја иконата Еспресо, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп .
4
Кога мелницата ќе почне да меле, притиснете го копчето за поставка на мелењето и свртете
го налево или надесно (Сл. 22).
Приспособување на другите поставки за машината
Со допирање на иконата за Поставки , можете да ги приспособите следниве поставки за
машината:
- Тврдост на водата: можете да изберете помеѓу 5 нивоа, во согласност со тврдоста на водата
во вашиот регион.
- Време на чекање: можете да изберете 15, 30, 60 или 180 минути.
- Осветленост на екранот: можете да изберете ниска, средна и висока.
- Јазик: можете да го изберете јазикот на екранот по ваша желба.
- Звук: можете да го активирате или деактивирате звукот на титкање на машината.
- Предна осветленост: можете да изберете „секогаш вклучена“, „вклучена за време на
варење“ или „секогаш исклучена“.
- Единица мерка: можете да изберете помеѓу ml или oz.
Враќање на фабрички поставки
Машината ви нуди можност да ги вратите фабричките поставки во секој момент.
1
Допрете ја иконата Поставки .
Содержание GranAroma SM6582
Страница 2: ......
Страница 3: ...A A24 A25 A26 A23 A22 A21 A2 A3 A1 A10 A7 A8 A9 A4 A5 A6 A14 A17 A12 A13 A5 A16 A18 A20 A19 A11 A15 ...
Страница 4: ...A5 A20 A19 A17 A21 A25 A18 A22 A14 C A3 A8 A9 A16 A10 B B1 B4 B6 B7 B8 B9 B10 B3 B5 B2 ...
Страница 582: ...fillpage std ...
Страница 583: ...inside back page ...
Страница 585: ...25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 ...
Страница 586: ...49 50 51 VSUHVVR 52 53 ...
Страница 587: ...Page appears only if there are more than 24 figures ...
Страница 588: ...Page appears only if there are more than 48 figures ...
Страница 589: ......