628
Прирачник за ракување
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
Варијанта 1: Самостојна работа
Во самостојната работа, не е потребна врска преку
мрежа. Соодветно ракување и конфигурирање на
полначот преку веб-апликацијата не се користи во
оваа варијанта. Наместо тоа, полначот се ракува
директно со користење на копчињата на уредот.
За ограничување на струјата на полнење,
достапни се поставувањата
50 %
или
100 %
.
cлика 1: Самостојна работа (пример на примена)
Варијанта 2: Ракување на веб-апликацијата
на полначот.
Полначот може да се ракува преку интернет
пребарувачот на мобилен краен уред (персонален
компјутер, таблет или паметен телефон),
благодарение на веб-апликацијата зачувана на
самиот полнач.
Потребна е домашна мрежа во која мора да ги има
полначот и уредот за да се воспостави врска.
Мрежна врска може да се направи директно преку
PLC (Powerline Communication). Уредот и полначот
се поврзани преку PLC адаптер и рутер.
Уредот може да пристапи до веб-апликацијата
на полначот преку рутерот.
Сепак работата на полначот сè уште може да се
ракува со користење на копчињата на уредот.
За ограничување на струјата на полнење,
достапни се поставувањата
50 %
или
100 %
.
cлика 2: Ракувањето се врши преку веб-апликацијата на
полначот (без уред за управување со енергија) (пример
на примена)
Варијанта 3: Користење преку
вебапликацијата на уредот за
управување со енергија (PLC мрежа)
Ако се користи уредот за управување со енергија,
струјата на полнење се ограничува преку уредот
за управување со енергија.
За да се воспостави врска, уредот за управување
со енергија, полначот и уредот мора да се наоѓаат
во истата домашна мрежа.
Во оваа конфигурација, полначот и уредот за
управување со енергија треба да се поврзат со
рутер преку PLC (Powerline Communication), уредот
за управување со енергија опционално директно
преку Етернет или WiFi. До веб-апликацијата на
уредот за управување со енергија и полначот може
да се пристапи со помош на уредот преку рутерот.
Ракување на полначот преку копчињата на уредот
или преку на веб-апликацијата на полначот
останува возможно. Сепак, во овој случај,
поставувањата на уредот за управување со
енергија за ограничување на струјата на полнење
се премостуваат.
f
Видете во поглавјето „Додавање на уредот за
управување со енергија“ на страница 637.
f
Видете во поглавјето „Воспоставување врска
со полначот“ на страница 637.
A
Porsche Mobile Charger Plus
B
Електрична приклучница
A
Porsche Mobile Charger Plus
B
Електрична приклучница
C
Мрежна врска преку струен вод (PLC)
D
PLC адаптер
E
Мрежна врска преку Етернет
F
Рутер
G
WiFi
H
Мобилен уред