513
Времиња на полнење
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
Времиња на полнење
Траењето на полнењето може да варира во
зависност од следните фактори:
– Електрична приклучница која се користи
(домашен електричен отвор или индустриски
електричен отвор)
– Волтажа на електричната мрежа и електрична
струја специфични за земјата
– Поставувања за ограничување на струјата
за полнење на полначот
– Флуктуации во волтажата на електричната
мрежа
– Надворешна температура на возилото
и полначот. Времињата на полнење можат
да бидат подолги ако температурата е во
ограничувањата на дозволената температура
на околината.
f
Видете во поглавјето „Технички податоци“
– Температура на високонапонската батерија
и на контролната единица
– Активирано претходно ладење/греење во
просторот за патници
– Актуелен капацитет на приклучокот на
напојувањето и приклучокот на возилото
Неправилно
функционирање
Слика 9: Приказ во случај на неправилно функционирање
Во случај на дефекти или неправилно
функционирање, полначот покажува соодветна
порака на дисплејот. LED-диодите за статус
и копчето за напојување светнуваат црвено.
Пораката прикажува детали за грешката,
информации за причината и корективна мерка.
e
Следете ги упатствата кои се обезбедени за
корективната мерка.
Информација
Поради различните национални системи за
напојување, се испорачуваат различни верзии
на кабли. Ова може да доведе до тоа целосниот
учинок на полнењето да не биде достапен.
Дополнителни информации се достапни кај
вашиот партнер на Porsche.
A
LED-диодите за статус светнуваат црвено
B
Порака за грешка и причина
C
Решение
НАПОМЕНА
Оштетување на
полначот
e
Доколку дефектот сè уште постои или се
повторува, исклучете го полначот од мрежата
за напојување и контактирајте квалификуван
електричар. Porsche препорачува да користите
сертифициран сервисен партнер на Porsche.
9Y0.012.003.A-EU.book Page 513