61
Македонски
Отстранување на проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење
на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени
подолу, посетете ја веб-страницата
www.philips.com/support
за да пронајдете листа на најчести
прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем
Причина
Решение
Од грејната плоча
излегува нечиста вода,
кафени дамки или бели
парчиња бигор.
Во апаратот се наталожил
бигор затоа што не бил редовно
отстрануван.
Отстранете го бигорот од
апаратот и од грејната плоча
(погледнете го поглавјето
„Чистење и одржување“).
Сте ставиле хемикалии или
адитиви во резервоарот за вода.
Никогаш не користете
хемикалии или адитиви во
апаратот. Ако веќе сте го
направиле тоа, следете ја
постапката во поглавјето
„Чистење и одржување“ за да ги
отстраните хемикалиите.
Нема пареа или има
многу малку.
Апаратот не се загреал доволно.
Почекајте додека индикаторот
„пеглата е подготвена“ не почне
постојано да свети“. Тоа трае
приближно 2 минути.
Во резервоарот за вода нема
доволно вода.
Наполнете го резервоарот за
вода до ознаката MAX.
Во апаратот се наталожил
бигор затоа што не бил редовно
отстрануван.
Отстранете го бигорот од
апаратот и од грејната плоча
(погледнете го поглавјето
„Чистење и одржување“).
Од грејната плоча
протекува вода.
Пареата во цревото се
кондензира во вода кога
користите пареа за првпат или
кога не сте ја користеле долго
време.
Тоа е нормално. Држете ја
пеглата подалеку од облеката и
притиснете го копчето за пареа.
Почекајте од грејната плоча
да почне да излегува пареа
наместо вода.
Навлаката на даската
за пеглање станува
влажна или на подот/
облеката има капки
вода.
Навлаката за даската не е
предвидена за голема количина
на пареа.
Користете слој од филц под
навлаката за даска за да
спречите појава на капки вода.
Површината под
подножјето на апаратот
станува влажна или
пареа и/или вода
излегува од регулаторот
EASY DECALC.
Регулаторот EASY DECALC не е
добро стегнат.
Исклучете го апаратот и
почекајте 2 часа за да се
олади. Одвртете и повторно
прицврстете го регулаторот
за да се уверите дека е добро
стегнат.
Гумениот заптивен прстен на
регулаторот EASY DECALC е
истрошен.
Обратете се на овластен
сервисен центар на Philips и
побарајте нов регулатор EASY
DECALC.