116
МАКЕДОНСКИ
Чистење и отстранување бигор
Чистење
Внимание
• Исчистете го апаратот веднаш по секоја употреба.
• Не ја потопувајте главната единица и резервоарот за вода во
вода и немојте да ги плакнете под чешма.
• Никогаш не користете белило или хемиски раствори/таблети за
стерилизација во апаратот.
• Немојте да користите сунѓери, абразивни средства за чистење
или агресивни течности како бензин, ацетон или алкохол за
чистење на апаратот.
• Можете да ја чистите корпата за пареа, бокалот за пареа и
блендирање, единицата со сечила и капакот на бокалот во
машина за перење садови. Пред да ги ставите во машината за
перење садови, исплакнете ги деловите под чешма веднаш по
нивната употреба. Не ги потопувајте во вода со делови кои не
биле исчистени.
• Секогаш повторно вметнувајте ја заптивката на оската на
сечилата во единицата за блендирање откако сте ја извадиле за
да ја исчистите. Проверете дали рамната страна на заптивката на
оската на сечилата е свртена нагоре.
1
Исклучете го апаратот од струја и отстранете го бокалот од
главната единица.
2
Притиснете го јазичето на бокалот во правец на стрелките на
часовникот за да го ослободите капакот на бокалот (сл.
c
).
3
Исплакнете ја корпата за пареа, бокалот за пареа и блендирање,
капакот на бокалот и лопатката под чешма за да ги отстраните
остатоците од храна (сл.
u
).
4
Доколку тоа е потребно, единицата со сечила може да се
расклопи за плакнење (сл.
t
).
5
Доколку тоа е потребно, отстранете ја заптивката на оската на
сечилата од единицата за блендирање за да ја исчистите.
Внимание
•
Бидете многу внимателни кога ракувате со единицата со сечила
за да избегнете повреда, бидејќи рабовите на сечилата се многу
остри.
Содержание AVENT SCF862
Страница 3: ...English 6 Čeština 28 Eesti 51 Қазақша 75 Македонски 97 Polski 125 Русский 151 SCF862 ...
Страница 177: ......
Страница 178: ......