
10
MK: МЕЛНИЦА ЗА КАФЕ |
Упатство за употреба
РАБОТА СО МЕЛНИЦАТА ЗА КАФЕ:
Внимателно отпакувајте ја мелницата за кафе и извадете ги сите материјали за пакување. За да ја отстраните собраната
прашина за време на пакувањето, избришете ја комората за мелење и ножевите со влажна крпа или сунѓер. Бидете
внимателни со ножевите затоа што се многу остри. Проѕирниот капак може да се натопи во вода кога се мие. Добро
исушете го.
Внимание:
Никогаш не потопувајте го моторот во вода за да го измиете и не ја полнете ја комората за мелење со вода
за да ја исчистите.
1.
Ставете ја мелницата за кафе на рамна површина.
2.
Истурете зрна кафе во мелницата. Имајте на ум дека количината на зрна кафе не треба да биде поголема од 30 g.
3.
Наместете го проѕирниот капак. Забецот на капакот мора да биде се постави кај ознаката „О“ на жлебот на
моторната единица. Потоа ставете го капакот директно врз моторната единица (видете на Сл. 1).
4.
Вклучете го кабелот во штекер.
5.
Држете ја моторната единица со едната рака, свртете го капакот спротивно од стрелките на часовникот во
положба „I“ и држете го одозгора со другата рака. Апаратот ќе почне да работи.
6.
Ослободете го капакот, тој ќе се врати во позицијата „О“. Апаратот ќе престане да работи. Ако сакате да го
вклучите повторно, само свртете го капакот спротивно од стрелките на часовникот на позицијата „I“ и држете го
одозгора.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не мелете кафе повеќе од 30 секунди без да направите пауза. Оставете го апаратот да се олади 3
минути и повторно вклучете го.
7.
Низ проѕирниот капак проверете дали кафето е доволно смелено.
ВАЖНО:
Ако сакате, може да го отстраните капакот за да го проверите смеленото кафе. Мора да внимавате и
никогаш да не го вадите капакот пред целосно да престанат да се вртат ножевите.
8.
Откако ќе се постигне саканиот степен на мелење, исклучете го кабелот од штекер.
9.
Извадете го проѕирниот капак и истурете го смеленото кафе.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
1. ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека сте го извадиле приклучокот од штекерот пред да почнете да го чистите апаратот.
За да спречите струен удар, не потопувајте го кабелот, приклучокот или апаратот во вода или други течности. По
секоја употреба, прво треба да го извадите приклучокот од ѕидниот штекер.
2.
Измијте го капакот со вода и благ детергент. Капакот може да се мие во машинат за садови. Исплакнете го добро и
исушете го. Никогаш не потопувајте ја моторната единица и не полнете ја комората за мелење со вода.
3.
Избришете ја комората за мелење и ножевите со крпа без лен. Мора многу да се внимава бидејќи ножот е остар.
СОВЕТИ ЗА МЕЛЕЊЕ
1.
Во принцип, КРУПНО мелено кафе се користи за да се подготви филтрирано кафе. СРЕДНО мелено кафе се
користи во машини за еспресо. СИТНО мелено кафе се користи во машини за еспресо со електрична пумпа.
I
O
Слика. 1
Забец
Жлеб