![MS PLATINUM 500 v5 Скачать руководство пользователя страница 8](http://html1.mh-extra.com/html/ms/platinum-500-v5/platinum-500-v5_user-manual_1846109008.webp)
Корисничко упатство за напојување
Инсталација и употреба:
1.
Поставете го напојувањето (PSU) во исправена положба во куќиштето на Вашиот
компјутер, а потоа со штрафови цврсто прицврстете го за куќиштето.
2.
Со правилните приклучоци за напојувањето поврзете го истото со матичната плоча и
другите периферни уреди како CD/DVD RОМ, дискетната единица, тврдиот диск итн.
3.
Прицврстете ги и поврзете ги сите кабли внатре во компјутерското куќиште.
4.
По завршување на правилната инсталација на компонентите внатре во куќиштето, Ве
молиме со штрафовите исправно затворете го компјутерското куќиште.
5.
Поставете го прекинувачот за напојувањето (прекинувач “I/O”) во положба за
исклучено (“O” ), а потоа вклучете го кабелот за напојувањето во струјниот
приклучок со напон од 230V.
6.
Вклучете го напојувањето со оставување на прекинувачот за напојување
(прекинувач“I/O”) во положба “I”.
7.
По вклучување на напојувањето (прекинувачот за напојување е поставен во положба
“I”), со функцијата “ВКЛУЧУВАЊЕ-ИСКЛУЧУВАЊЕ” компјутерот исто така може да се
управува со помош на матичната плоча.
8.
Доколку не го користите Вашиот компјутер подолго време, исклучете го
напојувањето и исклучете го кабелот за напојување од струјниот приклучок.
Отстранување на напојувањето:
1.
Со прекинувачот за напојување (прекинувач “I/O”) исклучете го напојувањето
(положба “O”).
2.
Внимателно исклучете го кабелот за напојување од напојувањето.
3.
Отворете го капакот на компјутерското куќиште, а потоа исклучете ги сите
приклучоци од матичната плоча и периферните уреди.
4.
Со штрафцигер одштрафете го напојувањето, а потоа внимателно отстранете го од
куќиштето
.
Отстранување на проблеми:
Доколку напојувањето не работи правилно, Ве молиме проверет ги следниве чекори:
1.
Ве молиме проверете дали напојувањето е правилно вклучено во струјниот приклучок
со напон од 230V.
2.
Ве молиме проверете дали прекинувачот I/O е поставен во положба "I".
3.
Ве молиме проверете го напонскиот прекунувач (115V/230V, опционо) на
напојувањето. Би требало да биде поставен на соодветниот напон (230V).
4.
Ве молиме проверете дали матичната плоча и сите периферни уреди внатре во
Вашето компјутерско куќиште се правилно поврзани.
5.
Ве молиме неколку пати напоредно вклучете го и исклучете го напојувањето го
напојувањето (со помош на прекунувачот I/O), при што интервалот помеѓу
вклучувањето и исклучувањето мора секој пат да биде минимално во траење од 5
минути.
6.
Проверете ги главните компоненти на Вашиот компјутер, како што се матичната
плоча, процесорот (CPU), графичката картичка (VGA), главната меморија (RAM).
Содержание PLATINUM 500 v5
Страница 1: ...TITANIUM 400 v1 PLATINUM 500 v5 power supply...
Страница 9: ...7 1 2 UPS 3 4 5 1 2 3 4 5 u1085 6...
Страница 16: ......