Bluetooth
Алатот е опремен со Bluetooth® технологија со ниска потрошувачка и може да се поврзе со апликација преку која
се добива пристап до дополнителни функции на алатот. За повеќе информации за функционалноста на апликацијата
и за нејзината достапност во вашата земја, одете на www.mirka.com/mymirka
Активирајте Bluetooth на вашиот Mirka
®
AOS-B 130NV и AROS-B 150NV на следниот начин:
1.
Поврзете ја батеријата со алатот.
2.
Притиснете го и задржете го копчето rpm+ додека го вклучувате алатот со притискање на копчето за
активирање.
3.
Средниот LED-индикатор трепка зелено, за да покаже дека Bluetooth е активно и подготвено за користење.
4.
Средниот LED-индикатор свети зелено кога алатот е поврзан со друг уред со Bluetooth.
5.
Bluetooth се деактивира кога ќе го исклучите/деактивирате алатот.
НАПОМЕНА! Доколку апликацијата не е инсталирана или не е достапна во вашата земја, Bluetooth нема да се
активира.
Ознаката со зборот Bluetooth
®
и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на
Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на овие ознаки од страна на Mirka Ltd се врши со лиценца. Другите заштитни
знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните соодветни сопственици.
Одржување
Секогаш отстранувајте ја батеријата пред одржување!
Користете исклучиво оригинални резервни делови од Mirka!
Замена на потпорната подлога
1.
Држете ја осовината со прстите.
2.
Свртете ја потпорната подлога спротивно од насоката на движење на стрелките на часовникот за да ја
отстраните.
3.
Поставете ја и затегнете ја новата потпорна подлога.
Чистење
Користете мека четка за да ја отстраните насобраната прашина. Носете заштитни очила за да ги заштитите очите
при чистењето.
Ако куќиштето на алатот треба да се исчисти, избришете го со влажна мека крпа. Може да користите благ детергент.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете алкохол, бензин или друго средство за чистење. Никогаш не
користете силни средства за чистење на пластичните делови.
Упатства за чистење на полначот
Прашината и маслото може да се отстранат од надворешноста на полначот со помош на крпа или мека четка што
не е изработена од метал. Не користете вода или средства за чистење.
Понатамошно сервисирање
Сервисирањето мора да го извршуваат обучени лица. За гаранцијата на алатот да остане важечка и за да обезбедите
оптимална безбедност и функционирање на алатот, сервисирањето мора да го извршува овластениот сервисен
центар на компанијата Mirka. За да пронајдете локален овластен сервисен центар на компанијата Mirka, обратете
се до службата за корисничка поддршка на компанијата Mirka или нејзиниот продавач.
172
Mirka® AOS-B 130NV & AROS-B 150NV
mk
Содержание AOS-B 130NV
Страница 1: ...Mirka AOS B 130NV AROS B 150NV ...
Страница 3: ...J J K G H I B C D K K A E F Exploded view Mirka AOS B 130NV AROS B 150NV 3 ...
Страница 4: ...Figure 1 Figure 2 Figure 3 4 Mirka AOS B 130NV AROS B 150NV ...
Страница 301: ......