107
МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА:
Ламбичките за безжично активирање
ќе престанат да трепкаат зелено по 20 секунди.
Притиснете го копчето за безжично активирање
на алатот додека трепка ламбичката за безжично
активирање на правосмукалката. Доколку
ламбичката за безжично активирање не трепка
зелено, притиснете го кратко копчето за безжично
активирање и повторно задржете го.
НАПОМЕНА:
Кога изведувате една или повеќе
регистрации на алатот за една вакуумска
правосмукалка, завршете ја регистрацијата на
алатот едно по едно.
Стартување на функцијата за
активирање на безжичниот уред
НАПОМЕНА:
Завршете ја регистрацијата на
алатот за вакуумската правосмукалка пред
активирање на безжичниот уред.
НАПОМЕНА:
Исто така, погледнете го
прирачникот со упатства на вакуумската
правосмукалка.
По регистрирање на алатот на вакуумската
правосмукалка, таа ќе работи автоматски заедно со
менувањето на работата на алатот.
1.
Монтирајте го безжичниот уред на алатот.
2.
Поврзете го цревото од вакуумската
правосмукалка со алатот.
►
Сл.79
3.
Поставете го прекинувачот за режим на
подготвеност на вакуумската правосмукалка на „AUTO“.
►
Сл.80:
1.
Прекинувач за режим на подготвеност
4.
Кратко притиснете го копчето за активирање
на безжичниот уред на алатот. Ламбичката за
активирање на безжичниот уред ќе свети сино.
►
Сл.81:
1.
Копче за активирање на безжичниот
уред
2.
Ламбичка за активирање на
безжичниот уред
5.
Вклучете го алатот. Проверете дали
вакуумската правосмукалка работи додека алатот е
во функција.
За запирање на активирањето на безжичниот уред на
вакуумската правосмукалка, притиснете го копчето за
активирање на безжичниот уред на алатот.
НАПОМЕНА:
Ламбичката за активирање на
безжичниот уред ќе престане де трепка сино кога
нема работа 2 часа. Во овој случај, поставете
го прекинувачот за режим на подготвеност
на вакуумската правосмукалка на „AUTO“ и
повторно притиснете го копчето за активирање на
безжичниот уред на алатот.
НАПОМЕНА:
Вакуумската правосмукалка
стартува/запира со задоцнување. Постои
временско задоцнување кога вакуумската
правосмукалка открива менување на работата на
алатот.
НАПОМЕНА:
Далечината на пренос на
безжичниот уред може да се разликува, зависно
од условите на локацијата и околината.
НАПОМЕНА:
Кога на вакуумската правосмукалка
се регистрирани два или повеќе алати, таа
може да почне да работи дури и ако не го
вклучите алатот бидејќи друг корисник ја користи
функцијата за безжично активирање.
Опис на статусот на ламбичката за активирање на безжичниот уред
►
Сл.82:
1.
Ламбичка за активирање на
безжичниот уред
Ламбичката за активирање на безжичниот уред го покажува статусот на функцијата за активирање на
безжичниот уред. Погледнете ја табелата подолу за значењето на статусот на ламбичката.
Статус
Ламбичка за активирање на безжичниот уред
Опис
Боја
Вклучено
Трепка
Времетраење
Режим на
готовност
Сино
2 часа
Активирањето на безжичниот уред на вакуумската
правосмукалка е достапно. Ламбичката автоматски ќе се
исклучи кога не се извршува работа 2 часа.
Кога алатот
работи.
Активирањето на безжичниот уред на вакуумската
правосмукалка е достапно и алатот работи.
Регистрација
на алатот
Зелено
20 секунди Подготвено за регистрација на алатот. Се чека регистрација
од вакуумската правосмукалка.
2 секунди
Регистрацијата на алатот е завршена. Ламбичката за
активирање на безжичниот уред ќе почне да свети сино.
Откажување
на
регистрацијата
на алатот
Црвено
20 секунди Подготвено за откажување на регистрацијата на алатот. Се
чека откажување од вакуумската правосмукалка.
2 секунди
Откажувањето на регистрацијата на алатот е завршено.
Ламбичката за активирање на безжичниот уред ќе почне да
свети сино.
Друго
Црвено
3 секунди
Безжичниот уред се напојува и се стартува функцијата за
активирање на безжичниот уред.
Исклучено
-
-
Активирањето на безжичниот уред на вакуумската
правосмукалка е запрено.
Содержание RT001GM210
Страница 2: ...2 2 3 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 1 Fig 5 1 2 3 4 5 Fig 6 1 4 2 3 1 Fig 7 1 Fig 8 ...
Страница 3: ...3 1 2 Fig 9 1 Fig 10 1 3 2 Fig 11 2 1 Fig 12 Fig 13 1 Fig 14 ...
Страница 4: ...4 1 2 3 Fig 15 1 2 Fig 16 1 2 3 Fig 17 1 Fig 18 1 Fig 19 2 1 Fig 20 1 Fig 21 1 Fig 22 ...
Страница 5: ...5 1 2 3 Fig 23 1 2 3 Fig 24 2 1 Fig 25 1 Fig 26 1 2 Fig 27 1 2 3 Fig 28 Fig 29 ...
Страница 6: ...6 1 2 Fig 30 1 Fig 31 1 2 Fig 32 1 2 3 Fig 33 1 2 Fig 34 1 2 3 Fig 35 1 Fig 36 1 2 Fig 37 ...
Страница 7: ...7 1 Fig 38 1 Fig 39 1 Fig 40 1 Fig 41 Fig 42 1 3 2 Fig 43 2 1 Fig 44 1 1 Fig 45 ...
Страница 8: ...8 1 Fig 46 Fig 47 A Fig 48 1 Fig 49 1 Fig 50 2 1 Fig 51 1 2 Fig 52 Fig 53 ...
Страница 9: ...9 1 2 3 4 5 6 Fig 54 Fig 55 1 Fig 56 1 2 Fig 57 1 2 3 Fig 58 1 Fig 59 1 2 Fig 60 Fig 61 ...
Страница 10: ...10 1 2 Fig 62 1 2 Fig 63 1 2 Fig 64 1 2 3 4 Fig 65 1 Fig 66 Fig 67 1 2 Fig 68 ...
Страница 11: ...11 Fig 69 Fig 70 A Fig 71 1 2 3 Fig 72 Fig 73 1 Fig 74 ...
Страница 12: ...12 1 4 2 3 Fig 75 1 2 3 Fig 76 1 Fig 77 1 2 1 2 Fig 78 Fig 79 1 Fig 80 2 1 Fig 81 1 Fig 82 ...
Страница 13: ...13 1 Fig 83 1 2 1 2 Fig 84 D L1 L2 A Fig 85 L2 L1 D A R Fig 86 θ θ θ D L2 L1 A Fig 87 Fig 88 Fig 89 Fig 90 ...
Страница 14: ...14 Fig 91 Fig 92 θ θ θ D L2 L1 A Fig 93 Fig 94 Fig 95 Fig 96 Fig 97 Fig 98 ...
Страница 16: ...16 25 24 30 28 29 31 32 Fig 101 ...
Страница 182: ...182 ...
Страница 183: ...183 ...