
79
МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите е измерена во
согласност со стандардни методи за испитување и
може да се користи за споредување алати.
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите може да
се користи и како прелиминарна процена за
изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на
вибрациите при фактичкото користење на
алатот може да се разликува од номиналната
вредност(и), зависно од начинот на којшто
се користи алатот, особено од тоа како вид
работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа
на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите
кога електричниот алат е исклучен и кога
работи во празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
безжичното ренде
1.
Почекајте секачот да запре пред да го
спуштите алатот.
Изложениот ротирачки секач
може да ја зафати површината и да доведе
до можно губење на контролата и сериозна
повреда.
2.
Користете стеги или друг практичен начин
за да го зацврстите и потпрете материјалот
на стабилна платформа.
Ако го држите
работниот материјал со рака или потпрен
на телото, тој ќе биде нестабилен и може да
доведе до губење контрола.
3.
Никогаш не оставајте крпи, платна, јажиња,
гајтани и слично во работниот простор.
4.
Избегнувајте сечење шајки. Проверете и
извадете ги сите шајки од материјалот пред
да работите.
5.
Користете само остри сечила. Ракувајте
многу внимателно со сечилата.
6.
Проверете дали завртките за монтирање
на сечилата се безбедно затегнати пред да
работите.
7.
Држете го алатот цврсто со двете раце.
8.
Не допирајте ги вртливите делови.
9.
Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Проверете дали има вибрации
или осцилации што може да укажуваат на
лошо монтирање или неизбалансирано
сечило.
10.
Внимавајте сечилото да не го допира
работниот материјал пред да се вклучи
прекинувачот.
11.
Почекајте сечилото да постигне максимална
брзина пред да почнете да сечете.
12.
Секогаш исклучувајте го електричниот алат
и чекајте сосем да сопрат сечилата пред да
ја нагодите длабочината на сечењето.
13.
Никогаш не пикајте го прстот во
резервоарот за делканици. Резервоарот
може да се блокира ако се сече влажно
дрво. Исчистете ги делканиците со стапче.
14.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
15.
Кога ги заменувате сечивата или некои
делови од резервоарот, осигурете се дека
сте ги замениле деловите на двете страни
од резервоарот како комплет.
Во спротивно,
неурамнотеженоста што настанува како
резултат ќе предизвика вибрација и ќе го
скрати работниот век на алатот.
16.
Користете ги само сечилата на Makita
наведени во ова упатство.
17.
Секогаш користете ги соодветните маска
за прав/респиратор за материјалот што го
користите и за одредената примена.
18.
Работете со алатот на стабилен терен.
Работата на нестабилен терен може да
предизвика повреда од оштетувањето.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
Содержание KP001GZ
Страница 2: ...2 1 2 3 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 2 3 Fig 3 1 2 Fig 4 1 2 3 4 Fig 5 1 Fig 6 1 2 3 4 Fig 7 1 2 3 Fig 8 ...
Страница 3: ...3 1 2 3 4 Fig 9 1 3 2 4 5 6 Fig 10 1 2 3 4 5 6 7 Fig 11 2 1 Fig 12 1 2 4 3 Fig 13 1 3 2 4 6 5 Fig 14 ...
Страница 4: ...4 1 2 3 4 Fig 15 1 2 3 Fig 16 2 3 4 1 5 6 7 Fig 17 1 3 2 4 5 6 Fig 18 1 2 3 4 5 6 7 Fig 19 ...
Страница 6: ...6 1 2 Fig 27 1 2 3 Fig 28 1 2 Fig 29 1 Fig 30 1 Fig 31 1 Fig 32 Fig 33 Fig 34 ...
Страница 7: ...7 Fig 35 Fig 36 4 3 1 2 2 Fig 37 A B 1 2 3 Fig 38 1 2 3 4 Fig 39 2 1 Fig 40 Fig 41 3 2 1 Fig 42 ...
Страница 8: ...8 1 2 3 Fig 43 1 2 2 3 3 Fig 44 Fig 45 1 Fig 46 1 3 2 4 Fig 47 1 3 2 Fig 48 1 Fig 49 ...
Страница 9: ...9 1 2 1 2 Fig 50 Fig 51 1 Fig 52 1 2 Fig 53 1 Fig 54 1 Fig 55 ...
Страница 10: ...10 1 2 1 2 Fig 56 1 2 Fig 57 4 1 2 3 5 6 Fig 58 Fig 59 ...
Страница 154: ...154 ...
Страница 155: ...155 ...