166
МАКЕДОНСКИ
Внимавајте да не ги притиснете рацете
кога ќе ја повлекувате продолжната
шипка.
Не гледајте во работната ламбичка.
Отворете ги ногалките на стативот пред
да извлекувате од продолжната шипка.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И СЛЕДЕТЕ
ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Кога го
користите уредот, секогаш
треба да се почитуваат
следниве мерки на
претпазливост:
1.
За да се намали ризикот од повреда,
потребен е надзор кога производот се
користи во близина на деца.
2.
Не допирајте ги жешките делови за да се
намали ризикот од изгореници.
Леќите може
да бидат многу жешки за време на употребата
и набрзо по неа.
3.
Користете само додатоци што ги
препорачува или продава производителот.
4.
Не користете го уредот на дожд или снег.
5.
За да се намали ризикот од струен удар,
не ставајте го уредот во вода или друга
течност. Не ставајте го ниту складирајте го
уредот на место каде што може да падне или
да биде повлечен во када или мијалник.
6.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали
ризикот од повреда, не гледајте во
работната ламбичка, ниту изложувајте го
светлото во очи.
Може да дојде до сериозна
повреда на очите.
7.
За да се намали ризикот од пожар, држете
настрана од запаливи материјали додека
работи.
8.
Користете само додатоци што ги
препорачува или продава производителот.
9.
Не дозволувајте ништо да ги покрие или
да ги заглави отворите за вентилација на
уредот. За ладење, секогаш одржувајте го
чист отворот за вентилација.
Во спротивно,
може да се предизвика пламен.
10.
Не користете ја рачката за носење за
никаква друга намена освен за носење на
уредот, како на пример подигање.
11.
Кога го носите уредот, секогаш виткајте ги
ногалките на стативот.
Во спротивно, може да
дојде до несреќа од паѓањето.
12.
Ставете го уредот надвор од дофат на деца.
13.
Секогаш поставувајте го уредот на рамно и
стабилно место.
Во спротивно, може да дојде
до несреќа од паѓањето.
14.
Не користете го уредот на силен ветар.
Во спротивно, може да дојде до несреќа од
паѓањето.
15.
Не користете го уредот во средини каде
што постои опасност од експлозија, како на
пример во присуство на запаливи течности,
гасови или прав.
16.
Не изложувајте го уредот на искри или
корозивна атмосфера итн.
17.
Кога уредот не се користи, секогаш вадете ја
касетата за батеријата од уредот.
18.
Складирајте го уредот во затворен простор.
19.
Не мијте го уредот во вода.
20.
Чувајте ги ознаките и плочката со
спецификации на производот што содржи
важни информации.
Доколку не може да
се чита или е изгубена, контактирајте со
сервисниот центар на MAKITA за замена.
21.
Извадете ја батеријата од уредот пред
вршење нагодувања, промена на
додатоци или складирање на уредот.
Овие
превентивни безбедносни мерки го намалуваат
ризикот од случајно стартување на уредот.
22.
Не модификувајте ги, ниту обидувајте се
да ги поправате уредот или батеријата,
освен како што е наведено во упатството за
користење и одржување.
23.
Не ракувајте со уредот грубо, како на
пример со испуштање или удирање.
Тоа
може да предизвика дефект или повреда.
24.
Не држете го полначот, вклучувајќи го и
приклучокот за полначот и терминалите на
полначот со влажни раце.
25.
Не полнете ја батеријата надвор.
26.
Кога уредот не се користи, секогаш
свиткајте ги ногалките на стативот и
смалете ја шипката за да се намалат
повредите и штетата.
27.
Изворот на светлина што се содржи во
оваа светилка треба да го замени само
производителот или неговиот агент за
сервис, или, пак, слично квалификувано
лице.
28.
Кога уредот се користи надвор, може да се
користат шрафови за отворите во ногалките
на стативот за помошно прицврстување.
При преместување на уредот, одвртете ги и
отстранете ги шрафовите.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот.
Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.