Безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги сите информации за
безбедноста пред да го користите уредот за да
бидете сигурни дека работи безбедно и
правилно и да научите како правилно да го
фрлите уредот.
Работа и безбедност
l
За да спречите евентуално
оштетување на слухот, не слушајте многу
гласно долг период.
l
Користењето неодобрен или несоодветен
адаптер за струја, полнач или батерија може
да го оштети уредот, да го намали животниот
век или да предизвика пожар, експлозија или
друга опасност.
l
Идеални работни температури се од 0
°C
до 35
°C.
Идеални температури за складирање се од
-20
°C
до +45
°C.
l
Производителите на пејсмејкери
препорачуваат да се одржува најмало
растојание од 15 см меѓу уредот и пејсмејкерот
за да се спречат потенцијални пречки на
пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер,
користете го уредот од спротивната страна на
пејсмејкерот и не го носете уредот во
предниот џеб.
l
Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од
прекумерна топлина и директна сончева
светлина. Не поставувајте ги на или во уреди
за затоплување, како што се микробранови
печки, шпорети или радијатори.
l
Почитувајте ги локалните закони и прописи
кога го користите уредот. За да го намалите
ризикот од незгоди, не го користете
безжичниот уред додека возите.
212