48
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
СИСТЕМ ПРОТИВ БИГОР И СИСТЕМ НА ПОТСЕТУВАЊЕ
Апаратот има двоен систем против бигор, за да се продолжи неговиот век на траење. И двата
система го филтрираат и го отстрануваат бигорот во водата:
A. Заменлив систем против бигор:
Во зависност од тврдоста на водата и честотата на користењето на апаратот, патронот треба
од време на време да се менува. Апаратот има електронски систем кој ја следи
истрошеноста на патронот против бигор. Во зависност од дотераната тврдост на водата,
логото
повремено ќе ве потсетува да го замените патронот против бигор. Доколку не
може да се најде нов патрон, може да користите дестилирана вода наместо вода од чешма,
за да продолжите да го користите апаратот.
За да го замените патронот против бигор:
1.
Потопете го новиот патрон против бигор во вода и оставете го 5 минути во водата.
2.
Извадете го резервоарот за вода.
3.
Извлечете го садот за патрон против бигор и заменете го патронот.
4.
Почекајте 5 секунди пред да го вратите садот за патронот.
5.
Вратете го резервоарот за вода на место.
Белешка:
Доколку садот за патрон против бигор не е наместен како што треба, знакот
ќе
трепка и ќе се чуе звучен сигнал, кој означува дека недостига патронот. Освен тоа, доколку
патронот се замени додека апаратот е исклучен, апаратот нема да може да препознае дека
се менува патронот.
Важно:
1.
Не обидувајте се да користите истрошен патрон против бигор. Тоа ќе го оштети
апаратот.
2.
Не оставајте со садот за патрон против бигор празен. Тоа ќе го оштети апаратот.
ДОТЕРУВАЊЕ НА ТВРДОСТА НА ВОДАТА
Проверете ја тврдоста на водата
Може да ја проверите тврдоста на водата во местото во кое живеете со лентата за проверка на
тврдоста приложена во упатството и да ја примените следната метода на испитување:
1.
Потопете ја лентата за проверка во вода накратко, само 1 секунда.
2.
Истресете ја лентата од вода и по 1 минута споредете ја промената на бојата на лентата за
проверка со дијаграмот со бои.
3.
Усогласете ја тврдоста на водата во вашата пегла на пареа со притискање на копчето за
дотерување на тврдоста на водата.
Дотерајте го нивото на тврдост на водата
1. Притиснете го копчето
& P-TEMP и држете го притиснато 5 секунди, за да ја одберете
саканата тврдост на водата.
2. Притискајте го копчето
за избор на материјал, за да го изберете нивото на тврдост на
водата според долната табела.