![Ferm TDM1027 Скачать руководство пользователя страница 90](http://html1.mh-extra.com/html/ferm/tdm1027/tdm1027_original-instructions-manual_553688090.webp)
90
MK
Брзини на вретеното
Сл. E
Положба на клинест ремен
Вртежи/min
1
600
2
900
3
1300
4
1800
5
2650
Бројот на вртежите на вретено, со
комбинациите на клинестиот ремен, може да
се прочитаат од табелата.
Тестирајте ја затегнатоста на ременот пред да
ја поврзете машината со струја.
4. РАКУВАЊЕ, СОВЕТИ И
ПРЕПОРАКИ
Граничник за длабина
Сл. A-1
Вретеното е опремено со граничник за длабина
)2(. Тој се дотерува со помош на навртка.
Длабината се отчитува на поделбите на
скалата.
Стегање на бургија
Сл. F
Во главата на дупчалката можат да се стегнат
бургии или други алати со цилиндрична дршка.
Вртежниот момент се пренесува на бургијата
преку трите стезни пакнови.
За да се спречи пролизгување на бургијата,
таа мора да се стегне со назабениот клуч.
Ако бургијат проврти во футерот, на стезните
површини ќе се појави мала струшка, која ќе
оневозможи централното стегање. Настанатата
струшка мора да се отстрани со брусење.
Стегање на работно парче
Fig. G
Масата и основната полоча на дупчалката
имаат жлебови за прицврстување на стезни
алати. Работното парче секогаш да го стегате
во стега или други стезни алати. На овој начин
ќе спречите несреќи и ќе ја зголемите точноста
на дупчењето, бидејќи работното парче е во
стегната положба.
Прилагодување на масата
Масата е стегната на столбот на дупчалката
и може да се прилагодува по висина, со
отстегање на стезната рачка )6(. Прилагодете
ја масата така да има доволно простор помеѓу
работното парче и врвот на бургијата. Исто
така масата можете да ја свртите на страна,
ако сакате парчето да го стегнете на основата.
Сл. I
За коси дупчења и кај коси потпори на
работното парче, масата може да се
наведнува. За таа цел отстегнете ја завртката
)20( на шарката на масата и отстранете го
центрирањето. Завртете ја масата )19( во
сакана положба. Потоа стегтнете ја завртката
)20( со помош на клуч.
Број на вртежи, брзина на ротација, помест
Поместот – надолжно поместување на бургијата
- се одржува рачно, со рачката со 3 краци.
Брзината на ротацијата е определена со бројот
на вртежите на вретеното и со пречникот на
бургијата. Правилниот избор на поместот и
бројот на вртежите на бургијата се одлучувачки
фактори за трајноста на бургијата. Следното е
како основно правило: со поголем пречник на
бургијата, бројот на вртежите треба да е помал;
ако работното парче е потврдо, потребен е
поголем работен притисок.
За да не се прегрее бургијата, во ваков случај,
поместот и брзината на ротација во исто време
мораат да се намалат . Покрај тоа, бургијата
мора да се лади со емулзија. Кај тенки плочи,
длабоки дупчења, дупчењето треба да се
изведува внимателно, со мали помести и мал
притисок, за да се добијат прецизни резултати
и дупчењето да остане со точна големина. За
длабоко дупчење )повеќе од 2xd( исфрлањето
на струшката е отежнато, а температурата на
бургијата е висока. Затоа намалете го поместот
и бројот на вртежите и обезбедете подобро
исфрлање на струшката со вадење на бургијата.
За дупчење на пречници поголеми од 8 mm,
треба да се направи пред дупчење, за да се
избегне предвремено трошење на врвот на
бургијата поради голем притисок.
Содержание TDM1027
Страница 2: ...2 Fig A Fig B 5 16 8 8 11 10 6 12 1 2 4 6 1 3 9 9 3 13 1 16 A 1 ...
Страница 3: ...1 cm 600 min 1 900 min 1 1300 min 1 1800 min 1 2650 min 1 3 Fig E Fig D Fig C 16 14 15 18 17 ...
Страница 4: ...19 20 4 Fig F Fig G Fig I Fig H 21 9 7 ...
Страница 93: ...93 12 Exploded view ...
Страница 94: ...94 ...
Страница 96: ...WWW FERM COM 2022 FERM 2204 25 ...