Македонски |
187
Bosch Power Tools
1 609 92A 3LG | (24.3.17)
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на
стативот
11
.
Изберете еден од начините на работа со автоматиката за нивелирање.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено
штом ласерските линии не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр. бидејќи подлогата на
мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерот се исклучува.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред
повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на
референтните точки за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред може да го држите
слободно во рака или да го поставите на навалена подлога.
Во режим на вкрстени линии, тие не мора да се вертикално една кон друга.
Хоризонталната и вертикалната ласерска линија паѓаат под прав агол една кон
друга само кога мерниот уред е позициониран под прав агол на ѕид.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка
одн.ласерската линија.
Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по
висина. Поставете го мерниот уред со прифатот за статив
10
на 1/4"-навој на
стативот и зашрафете го цврсто со шрафот за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.
OBJ_BUCH-3036-001.book Page 187 Friday, March 24, 2017 9:58 AM