172
| Македонски
1 609 92A 4MF | (11.12.2018)
Bosch Power Tools
пиштолот или подлогата за
полнење.
u
Не ги оставајте децата без надзор
за време на чистењето или
одржувањето на пиштолот или
подлогата за полнење.
u
Пред секое користење, проверете го пиштолот за
лепење, подлогата за полнење, кабелот и
приклучокот. Не ги користете пиштолот и подлогата
за полнење, доколку забележите оштетувања. Не ги
отворајте сами пиштолот или подлогата за полнење и
оставете ги на поправка кај квалификуван стручен
персонал кој ќе користи само оригинални резервни
делови.
Оштетените пиштоли за лепење, подлоги за
полнење, кабел и приклучок го зголемуваат ризикот за
електричен удар.
u
Не го оставајте вклучениот пиштол за лепење без
надзор.
u
Не ги допирајте жешката млазница и силиконското
капаче.
Постои опасност од изгореници.
u
Пиштолот за лепење и подлогата за полнење смеат
да се поправаат само од страна на квалификуван
стручен персонал со оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
производот.
u
По употребата, одложете го исклучениот пиштол за
лепење и оставете го да се олади целосно, пред да го
складирате.
Жешката млазница може да предизвика
штети.
u
Бидете сигурни дека патроните за лепење се
подалеку од дофатот на деца кои се на возраст под
8 години.
При проголтување на патроните за лепење
постои опасност од задушување.
u
Добро проветрете го Вашето работно место.
Гасовите
и пареата коишто настануваат при работењето често
пати се опасни по здравјето.
u
При работењето над глава, носете заштитни очила.
u
Не ги фрлајте патроните за лепење во оган.
u
Батериските контакти не смеат да бидат со краток
спој.
Безбедносни напомени за полначи
Држете го полначот подалеку од дожд или влага.
Навлегувањето на вода во електричниот уред го зголемува
ризикот од електричен удар.
u
Полнете само NiMH-батерии. Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за полнење на
батеријата на полначот.
Инаку постои опасност од
пожар и експлозија.
u
Одржувајте ја чистотата на полначот.
Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.